| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Конституиран новиот состав на Парламентот на Црна Гора
На конститутивната седница на која присуствуваа највисоките државни функционери, претседатели на судови, раководители и претставници на други институции, беше усвоен извештајот на ДИК за парламентарните избори одржани на 11 јуни.
Конституиран новиот состав на Парламентот на Црна Гора
Конституиран новиот состав на Парламентот на Црна Гора / Photo: AA / AA

Во Подгорица денеска се одржа конститутивната седница на новото свикување на Парламентот на Црна Гора со која и официјално го означи почетокот на мандатот на новоизбраните пратеници.

На конститутивната седница на која присуствуваа највисоките државни функционери, претседатели на судови, раководители и претставници на други институции, беше усвоен извештајот на Државната изборна комисија за парламентарните избори одржани на 11 јуни, по што седницата беше прекината.

Иако на дневен ред денеска требаше да се изберат претседател на Собранието, потпретседатели и претседател и членови на Управниот одбор, тоа не се случи, бидејќи договорот за формирање на новата влада се уште не е постигнат.

До изборот на претседател на Собранието, со конститутивната седница претседава најстариот пратеник, кому во работата му помагаат најмладиот пратеник и генералниот секретар на парламентот. Најстар пратеник во новото свикување е Милан Лекиќ од коалицијата За иднината на Црна Гора, а најмлад пратеник е Мирко Ѓукиќ од Движењето Европа сега.

Во новото свикување на Собранието, листата „Движење Европа“ сега ќе има 24 претставници, а коалицијата „Заедно“ собрана околу Демократската партија на социјалистите ќе има 21 пратеник. Коалицијата за иднината на Црна Гора ќе има 13 пратеници, Листата „Храбро се броиј“ ќе има 11, а Бошњачката партија шест.

Коалицијата на Социјалистичката народна партија и Демос и Албанскиот форум ќе имаат по двајца претставници во собранието, а по еден пратеник ќе имаат Хрватската граѓанска иницијатива и Албанска алијанса.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница