| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије и Италија со заедничка кандидатура за домаќини на Еуро 2032
Доколку УЕФА ја прифати кандидатурата градоите и стадионите на кои би се одиграло европското првенство дополнително ќе биде донесенa
Туркије и Италија со заедничка кандидатура за домаќини на Еуро 2032
Туркије и Италија се надеваат дека ќе ја добијат организацијата на Европското првенство во 2032 година / Photo: AA / AA

Фудбалските сојузи на Туркије и Италија најавија дека ќе предадат кандидатура за заеднички домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи во 2032 година, пренесува Анадолу.

Ова како што потврдува Турскиот фудбалски сојуз било одлучено по состаноците со нивните италијански колеги. Според ТФФ заедничката организација на првенствата се покажала како многу успешна на ЕП 2008, 2012 и 2020 година.

„Студиите за Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, покажаа дека повеќе фанови влегуваат во интеракција и дека е поефикасно турнири од оваа големина се организираат заедно. Доколку УЕФА ги прифати понудите на Туркије и Италија, градовите домаќини и стадионите ќе се одредат меѓу оние претходно известени од двете асоцијации до УЕФА и турнирот ќе се одржи подеднакво во двете земји. Конечната одлука за изборот на градови домаќини и стадиони ќе биде донесена по идните разгледувања“, соопшти ТФФ.

Претседателот на ТФФ, Мехмет Бујукекши, рече дека одлуката за заедничка кандидатура за ЕУРО 2032 е важна и за турскиот и за европскиот фудбал.

„Нашето партнерство со Фудбалскиот сојуз на Италија ги одразува вредностите на пријателството и соработката во европскиот фудбал. Верувам дека ќе ја зајакне постојната соработка меѓу двете медитерански земји што се дел од слична култура и длабоко вкоренета историја и ќе изгради важен мост за иднината на нашиот фудбал“, изјави Бујукекши.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата