ПОЛИТИКА
3 мин читање
ЕЕА: Европа постигна многу, но не доволно за да ја заштити животната средина
Оценката доаѓа откако земјите-членки на ЕУ не успеаја да презентираат формален план за понатамошно намалување на емисиите на стакленички гасови до 2035 година на климатскиот самит на ОН минатата недела поради несогласувања меѓу нејзините членнки
ЕЕА: Европа постигна многу, но не доволно за да ја заштити животната средина
Емисиите на стакленички гасови во Европската Унија се намалија за 37 проценти од 1990 година, значително повеќе отколку во Кина и САД / Others
29 септември 2025

Значителен напредок е постигнат во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, но целокупната состојба на европската животна средина не е добра, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА) при презентирањето на својот последен извештај.

Оценката доаѓа откако земјите-членки на ЕУ не успеаја да презентираат формален план за понатамошно намалување на емисиите на стакленички гасови до 2035 година на климатскиот самит на ОН минатата недела поради несогласувања меѓу нејзините 27 земји-членки.

ЕУ, исто така, не можe да се договори за амбициозниот предлог на Европската комисија за намалување на емисиите за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година.

Емисиите на стакленички гасови во Европската Унија се намалија за 37 проценти од 1990 година, значително повеќе отколку во другите големи земји загадувачи како што се Кина и САД, благодарение на намалената употреба на фосилни горива и двојно зголемената употреба на обновливи извори на енергија од 2005 година.

„Земјите од ЕУ мора да „ја зајакнат имплементацијата на политиките и долгорочните мерки за да овозможат одржливост што веќе се договорени во рамките на Европскиот зелен план, кој беше усвоен за време на претходниот мандат на Европската комисија“, објави ЕЕА.

Природните области на континентот продолжуваат да се соочуваат со деградација, прекумерна експлоатација и губење на биодиверзитетот, анализира ЕЕА, која собра податоци од 38 земји низ континентот за својот извештај.

Водата станува сè поретко распространет ресурс, а земјиштето се користи прекумерно.

Околу 81 процент од заштитените живеалишта се во лоша или многу лоша состојба, 60 до 70 проценти од почвата е деградирана, а 62 проценти од водните тела не се во поволна еколошка состојба, според извештајот.

Климатските промени го влошуваат недостигот на вода, но ЕЕА вели дека со подобро управување, технолошки иновации, повторна употреба на водата и подигање на јавната свест, можно е да се заштедат до 40 проценти од водата во земјоделството, водоснабдувањето и енергијата.

Фреквенцијата на екстремни топлотни бранови се зголемува, но само 21 од 38-те земји-членки на ЕЕА имаат здравствени акциони планови за случаи на топлотни бранови, забележа агенцијата.

Растечки финансиски шокови

Екстремните временски и климатски настани, како што се топлотни бранови, поплави, лизгање на земјиштето и шумски пожари, доведоа до повеќе од 240.000 смртни случаи помеѓу 1980 и 2023 година во 27 земји од ЕУ.

Финансиските трошоци во случај на вакви настани се зголемуваат.

Просечните годишни економски загуби беа 2,5 пати поголеми помеѓу 2020 и 2023 година отколку во периодот од 2010 до 2019 година. На пример, санацијата на поплавите во Словенија во 2023 година изнесуваше 16 проценти од БДП на таа земја.

Затоа, агенцијата ја повика Европа да го прилагоди своето општество и економија.

Опстанокот на човекот зависи од висококвалитетната природа, особено кога станува збор за прилагодување кон климатските промени, изјави пред новинарите на конференцијата Кетрин Ганцлебен, раководител на одделот за одржливи и праведни транзиции на ЕЕА.

Спречувањето на загадувањето го намалува бројот на смртни случаи и болести и нивните штетни последици.

Кога станува збор за загадувањето на воздухот, бројот на смртни случаи поврзани со изложеност на фини честички значително се намали, паѓајќи за 45 проценти помеѓу 2005 и 2022 година.

Повеќе
Воената коалиција предводена од САД ќе го намали присуството во Ирак
Путин: Русија води праведна битка, се бори и победува
На Вашингтон му се заканува блокада на Владата, рокот за договор истекува на полноќ
Хуманитарната флотила за Газа се приближува до израелската зона со висок ризик
Дневни блиц вести 30.09.2025
Тони Блер сака да биде дел од привремената управа на Газа по војната
YouTube ќе му плати оштета од 24.5 милиони долари на Трамп за блокираниот профил
Кремљ го обвини Кишињев: Стотици илјади Молдавци беа спречени да гласаат во Русија
Зеленски: Украина мора да се приклучи на ЕУ и ќе го стори тоа
ЕУ повторно воведува санкции врз Иран „без одложување“
Што нè учи Кипар за кризата со кредибилитетот на ОН
Нападот „тигар од хартија“ на Трамп врз Русија- само реторика или вистинска стратегија?
Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк на маргините на ОН
Обвинение против екс директорот на ФБИ кој беше разрешен од Доналд Трамп по „руското мешање“
Идрис: ОН да ги прогласи силите на РСФ како терористичка милиција
Турскиот министер Фидан: Средбата Ердоган - Трамп „доста продуктивна и успешна“