Планот на Трамп за крај на војната во Газа доби поддршка, а Кина ќе воведе специјална виза за млади научници
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме вторник 30 септември
Голема поддршка за планот на Трамп за крај на војната во Газа
Палестина ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на тековната војна во Газа, повторувајќи ја својата посветеност да соработува со Вашингтон и другите вклучени страни за постигнување мир. Поддршка стигнува од Блискиот Исток и сојузниците на САД низ светот.
ТИКА обезбеди опрема за Уставниот суд на Северна Македонија
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди опрема за дигитализација на салата за состаноци на Уставниот суд на Северна Македонија. Уставните судови на двете земји ги истакнаа своите одлични односи.
Тони Блер сака да биде дел од привремената управа на Газа
Поранешниот британски премиер Тони Блер, еден од главните партнери на поранешниот американски претседател Џорџ Буш во војната во Ирак, е предложено да биде дел од новата привремена владина управа на Газа откако ќе заврши војната.
YouTube ќе му плати оштета од 24.5 милиони долари на Трамп
Социјалната мрежа за видео содржини ЈуТјуб во сопственост на Гугл се согласи да исплати 24.5 милиони долари оштета на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што во 2021 година целосно му го блокираше профилот по насилниот упад на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година.
И за крај на денешниот блиц...
Кина воведува нова виза за привлекување млади таленти
Кина објави воведување на нова „виза К“ насочена кон привлекување млади таленти во областите на науката и технологијата. Визата нуди поголема флексибилност во повеќекратни влезови, продолжени периоди на важење и подолг престој.
Тоа беше се за денешните блиц вести. Следете ги социјалните мрежи на ТРТ Балкан