26 септември 2025
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека се сретнал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Њујорк. Средбата, како што рече, била „добра и значајна“, пренесува Анадолу.
„Добар и значаен разговор со Нетанјаху“, објави Вучиќ на социјалните мрежи.
Препорачано
Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк, каде што се одржува 80-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Особено е важно што ја отворивме темата за преговори за договор за слободна трговија меѓу Србија и Израел, што би бил голем чекор во развојот на нашите идни односи“, рече српскиот претседател.