ПОЛИТИКА
1 мин читање
YouTube ќе му плати оштета од 24.5 милиони долари на Трамп за блокираниот профил
Според судските документи, делот од 22 милиони долари на Трамп од спогодбата за Јутјуб ќе оди за непрофитната организација „Фонд за Националниот мол“, наменета за балска сала во стилот на одморалиштето Мар-а-Лаго што се гради на имотот на Белата куќа
YouTube ќе му плати оштета од 24.5 милиони долари на Трамп за блокираниот профил
Делот од 22 милиони долари на Трамп од спогодбата за Јутјуб ќе оди за непрофитната организација „Фонд за Националниот мол“ / AFP
30 септември 2025

Социјалната мрежа за видео содржини ЈуТјуб (YouTube) во сопственост на Гугл се согласи да исплати 24.5 милиони долари оштета на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што во 2021 година целосно му го блокираше профилот по насилниот упад на Капитол Хил на 6 јануари.

Случајот го означува конечното решение во серијата тужби што Трамп ги покрена против големите платформи на социјалните медиуми откако го заврши првиот мандат.

Мета која ги поседува Фејсбук и Инстаграм се согласи на оштета од 25 милиони долари, претежно наменети за претседателската библиотека на Трамп, додека платформата X или поранешен Твитер, плати 10 милиони долари.

Според судските документи, делот од 22 милиони долари на Трамп од спогодбата за Јутјуб ќе оди за непрофитната организација „Фонд за Националниот мол“, наменета за балска сала во стилот на одморалиштето Мар-а-Лаго што се гради на имотот на Белата куќа.

Од Вашингтон соопштија дека проектот од 200 милиони долари ќе биде финансиран од Трамп и „други патриотски донатори“.

Преостанатиот дел од спогодбата ќе биде распределен на другите тужители во случајот, вклучувајќи ја и Американската конзервативна унија.


Повеќе
Воената коалиција предводена од САД ќе го намали присуството во Ирак
Путин: Русија води праведна битка, се бори и победува
На Вашингтон му се заканува блокада на Владата, рокот за договор истекува на полноќ
Хуманитарната флотила за Газа се приближува до израелската зона со висок ризик
Дневни блиц вести 30.09.2025
Тони Блер сака да биде дел од привремената управа на Газа по војната
Кремљ го обвини Кишињев: Стотици илјади Молдавци беа спречени да гласаат во Русија
ЕЕА: Европа постигна многу, но не доволно за да ја заштити животната средина
Зеленски: Украина мора да се приклучи на ЕУ и ќе го стори тоа
ЕУ повторно воведува санкции врз Иран „без одложување“
Што нè учи Кипар за кризата со кредибилитетот на ОН
Нападот „тигар од хартија“ на Трамп врз Русија- само реторика или вистинска стратегија?
Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк на маргините на ОН
Обвинение против екс директорот на ФБИ кој беше разрешен од Доналд Трамп по „руското мешање“
Идрис: ОН да ги прогласи силите на РСФ како терористичка милиција
Турскиот министер Фидан: Средбата Ердоган - Трамп „доста продуктивна и успешна“