| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Вонредна состојба во Њу Орлеанс по масакрот на новогодишната ноќ
Осомничениот убиец со изнајмен пикап влетал во луѓето кои ја славеле Новата година во познатиот „Француски кварт“ во Њу Орлеанс, при што загинаа најмалку 15 лица, а 35 се повредени
Вонредна состојба во Њу Орлеанс по масакрот на новогодишната ноќ
ФБИ не верува дека убиецот Дин Џабар, воен ветеран од Тексас, дејствувал сам / Photo: AA / AA

Вонредна состојба е прогласена во Њу Орлеанс, САД каде возило влетало во толпа на пречек на Новата година, при што 15 лица загинале, а најмалку 35 се повредени.

Гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, прогласи вонредна состојба за „да им овозможи на федералните, државните и локалните партнери повторно да го направат градот безбеден“.

Ландри истакна дека била активирана и воената полиција.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека „Федералното истражно биро (ФБИ) го истражува овој настан како терористички чин“.

Осомничениот за нападот е идентификуван како 42-годишниот американски воен ветеран Шамсуд Дин Џабар, од Тексас.

Нападот бил извршен во изнајмен пикап, а сѐ уште се истражува како напаѓачот стигнал до возилото.

Убиецот ги избегнал барикадите поставени заради заштита од слични напади, возејќи по плочникот по што влетал во луѓето кои ја славеле Новата година во познатиот „Француски кварт“ во Њу Орлеанс.

Според соопштението, во возилото на напаѓачот било пронајдено знамето на терористичката организација ДАЕШ, како и оружје и рачно изработени експлозивни направи во возилото и во близина на местото на нападот.

ФБИ не верува дека Дин Џабар дејствувал сам.

Асошиетед прес објави дека државната полиција на Луизијана соопшти дека неколку „потенцијални експлозивни направи“ биле пронајдени во францускиот кварт во Њу Орлеанс по нападот и дека надзорните камери „фатиле тројца мажи и една жена како поставуваат еден од неколкуте импровизирани експлозивни уреди.

ФБИ и нивните партнери се обидуваат да утврдат дали експлозивот е функционален и, доколку е потребно, ќе биде деактивиран.

Во соопштението на ФБИ се наведува дека напаѓачот бил убиен во размена на оган со локалните безбедносни сили.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата