| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Нејмар: Повторното играње со Меси и Суарез би било неверојатно
Меси и Суарез се мои пријатели, повторното играње со нив во Интер би било неверојатно, иако сум среќен сум во Ал-Хилал и во Саудиска Арабија, но кој знае, фудбалот е полн со изненадувања, изјави Нејмар
Нејмар: Повторното играње со Меси и Суарез би било неверојатно
Нејмар рече дека ќе направи се што може да игра на Мундијалот во 2026 година, признавајќи дека тоа ќе биде неговата последна шанса да игра на најсилниот турнир / Photo: AA / AA

Бразилскиот фудбалер Нејмар навести можност за повторно обединување со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез во Интер Мајами, со што ќе го оживее легендарното трио „МСН“ кое неколку сезони доминираше во европскиот фудбал.

Во ексклузивното интервју за Си-Ен-Ен, Нејмар изрази желба повторно да игра со нив на теренот.

„Се разбира, повторното играње со Меси и Суарез би било неверојатно. Тие се мои пријатели. Сѐ уште разговараме“, изјави тој за американската телевизија.

„Би било интересно да се оживее оваа тројка. Среќен сум во Ал-Хилал. Среќен сум во Саудиска Арабија, но кој знае. Фудбалот е полн со изненадувања“, додаде тој.

Триото Меси, Суарез и Нејмар беше страшна закана за противниците три сезони пред рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ во 2017 година.

Меси и Суарез останаа заедно уште неколку сезони, тие на крајот се разделија кога Уругваецот се пресели во Атлетико Мадрид.

Сепак, Суарез пак се обедини со Аргентинецот во Интер Мајами во 2024 година, а Нејмар ја продолжува својата кариера во Саудиска Арабија.

Нејмар, најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња со 79 гола, поради повреди одигра само седум натпревари за Ал-Хилал од неговиот трансфер од Пари Сен Жермен во 2023 година вреден 90 милиони евра, а договорот му завршува во јуни.

32-годишниот фудбалер зборуваше и за своите амбиции за Светското првенство во 2026 година, признавајќи дека тоа ќе биде неговата последна шанса да игра на турнирот.

„Знам дека ова ќе биде моето последно Светско првенство, мојата последна шанса и ќе направам се што можам за да играм на него“.

На шест кола до крајот на јужноамериканските квалификации, Бразил е петти во поредокот со 18 бодови.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во 16 градови низ Канада, Мексико и Соединетите Држави, со што првпат турнирот да биде заеднички домаќин од три земји.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
АФК го одложи Азискиот куп во 2027 година во Саудиска Арабија за речиси една година
Атлетичари од Кенија и Етиопија победници на Истанбулскиот маратон
Картал повеќе не е тренер на Фенербахче
Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година
Азиската фудбалска конфедерација го поддржа Инфантино за нов претседателски мандат во ФИФА
Британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон, повика на „Слобода за Палестина“
Првиот Македонец кој ги истрча петте престижни европски маратони
Јалчин наследник на Монтела на клупата на Туркије
Златниот допир на Салах го потопи Бешикташ, а Трабзонспор оствари значаен триумф од 2:0
Дејли Мејл: Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата
Португалската фудбалска федерација го суспендира Роналдо на 30 дена и го казни со 255 евра
Одземање бодови и титули или исфрлање од лигата: Што може да му се случи на Манчестер Сити?
Јане Стефанов, љубител на адреналин и слободен пад од големи височини
Приведени 57 лица по инцидент меѓу навивачи на Хајдук и Ајакс во Сплит
Нов скандал во ФИФА, Инфантино затаил милиони евра?
Дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година продаден за 14 милиони долари
Чеферин ја објави кандидатурата за нов мандат на чело на УЕФА
Навивачите не го сакаат Роналдо во националниот тим
Руанда доби зелено светло за организирање Ф1 трки
Инфантино добива противкандидат- поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега