| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Почнува гласањето преку пошта на парламентарните избори во Косово
Централната изборна комисија (ЦИК) преку известување информира дека започна периодот на гласање преку пошта за сите државјани на Косово што го избрале овој начин на гласање
Почнува гласањето преку пошта на парламентарните избори во Косово
Редовните парламентарни избори во Република Косово ќе се одржат на 9 февруари / Others

Сите државјани на Косово што живеат во странство, а кои се пријавиле за гласање надвор од земјата преку пошта, од денес до 8 февруари имаат можност да гласаат за редовните парламентарни избори.

Централната изборна комисија (ЦИК) преку известување информира дека започна периодот на гласање преку пошта за сите државјани на Косово што го избрале овој начин на гласање.

Според соопштението на ЦИК, периодот од 9 јануари до 8 февруари ќе важи само за граѓаните што успешно се пријавиле како гласачи надвор од Косово и кои гласачкото ливче го пратиле преку пошта до специјалните поштенски сандачиња.

Во меѓувреме, оние што се пријавени за физичко гласање во едно од дипломатските претставништва на Република Косово се известуваат дека гласањето ќе се одржи на 8 февруари 2025 година.

Редовните парламентарни избори во Република Косово ќе се одржат на 9 февруари, а официјално изборната кампања започнува на 11 јануари.

Според одлуките на ЦИК, за учество на изборите се сертифицирани вкупно 28 политички субјекти, со вкупно 1.280 кандидати што ќе се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Косово.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите