| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Папата Франциск: Во Газа има сериозна и срамна хуманитарна ситуација
Папата изрази надеж дека страните во Газа ќе го обноват дијалогот и довербата и на тој начин идните генерации ќе можат да живеат рамо до рамо, а Ерусалим може да стане град во кој христијаните, Евреите и муслиманите живеат заедно во хармонија
Папата Франциск: Во Газа има сериозна и срамна хуманитарна ситуација
Тој предупреди на зголемениот ризик од нова „светска војна“ и апелираше на дипломатија и дијалог / Photo: AA / AA

Во Газа има многу сериозна и срамна хуманитарна ситуација, изјави духовниот водач на католиците, папата Франциск.

За време на средбата со дипломатите, папата Франциск уште еднаш повика на прекин на огнот во Газа.

„Во Газа има многу сериозна и срамна хуманитарна ситуација. Повикувам да се достави сета неопходна помош за палестинскиот народ“, рече папата Франциск, пренесе италијанската агенција АНСА.

Тој изрази надеж дека страните во Газа ќе гообноват дијалогот и меѓусебната доверба.

„На овој начин идните генерации можат да живеат рамо до рамо, во мир и безбедност, а Ерусалим може да стане град во кој христијаните, Евреите и муслиманите живеат заедно во хармонија и со меѓусебно почитување“, рече папата.

Тој предупреди на зголемениот ризик од нова „светска војна“ и апелираше на дипломатија и дијалог.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година