| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Одбиено барањето на Трамп за одложување на пресудата во случајот  Даниелс
Адвокатите на Трамп рекоа дека одложувањето на изрекувањето на пресудата, закажано за утре, е неопходно за да се спречи сериозна неправда и штета врз институцијата на претседателството и функционирањето на федералната влада
Одбиено барањето на Трамп за одложување на пресудата во случајот  Даниелс
Трамп беше осуден во мај за фалсификување деловни досиеја поврзани со исплата на 130.000 долари на Даниелс, за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера пред изборите во 2016 година / Photo: AA / AA

Врховниот суд на Њујорк денеска го отфрли барањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за одложување на пресудата, закажана за утре, во случајот со исплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна афера.

Трамп поднесе барање за итна интервенција во средата, еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето на пресудата.

Адвокатите на Трамп рекоа дека одложувањето е неопходно „за да се спречи сериозна неправда и штета врз институцијата на претседателството и функционирањето на федералната влада“.

Судијата Хуан Меркан, кој го води судењето, го одби барањето на Трамп да се одложи изрекувањето на пресудата.

Трамп беше осуден во мај за фалсификување деловни досиеја поврзани со исплати на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој ѝ платил 130.000 долари на Даниелс, за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера пред изборите во 2016 година.

Трамп ја негираше аферата.

Меркан ја потврди пресудата на Трамп минатата недела.

Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за да се прикрие исплатата.

Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.

За фалсификување деловни книги се предвидува затворска казна до четири години, но затворската казна не е задолжителна.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ