| Macedonian
КУЛТУРА
7 МИН ЧИТАЊЕ
Манаки прикажува: Бесплатни проекции на филмови од јадранскиот регион
Пет значајни регионални филмови ќе бидат бесплатно достапни за публиката во Северна Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Програмата почнува на 17. јануари во кината.
Манаки прикажува: Бесплатни проекции на филмови од јадранскиот регион
Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е единствена можност за публиката во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Северна Македонија бесплатно онлајн да ги погледне наградуваните филмови. Почетокот на програмата ќе го означат проекциите на филмот „Екскурзија“ на Уна Гуњак во 3Д киното на Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотеката во Скопје на 17. јануари во 20 часот.  / Photo: AA Archive / AA Archive

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи од 17. до 26. јануари 2025 година.

Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, од 17. до 26. јануари ќе има прилика бесплатно да погледне пет регионални наградувани филмови. Дел од програмата ќе бидат „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак, „М“ на Вардан Тозија, „Набљудување“ на Јанез Бургер, „Работничката класа оди во пеколот“ на Младен Ѓорѓевиќ и „Само кога се смеам“ на Вања Јураниќ. Програмата почнува во петок, 17 јануари, со бесплатна проекција на филмови во кината во Сараево, Белград, Хецег Нови, Љубљана, Загреб, Битола и Скопје, а потоа, од 18 до 26 јануари сите филмови ќе бидат достапни онлајн на ондеманд платформата на линкот: https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/.

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е единствена можност за публиката во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Северна Македонија бесплатно онлајн да ги погледне наградуваните филмови. Почетокот на програмата ќе го означат проекциите на филмот „Екскурзија“ на Уна Гуњак во 3Д киното на Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотеката во Скопје на 17. јануари во 20 часот.

Дејството на филмот го следи Иман (Асја Зара Лагумџија) која додека нејзиниот клас во деветто одделение се подготвува за екскурзија, го привлекува вниманието на едно постаро момче. По играта на вистината и предизвикот, низ училиштето се шири гласина дека Иман е бремена. Ќе ја загрози и екскурзијата. Иман се наоѓа во бура од очекувања и ограничувања, предизвикани од настани кои се надвор од контрола.

Улогите во филмот ги толкуваат: Асја Зара Лагумџија, Наѓа Спахо, Маја Изетбеговиќ, Медиха Муслиовиќ, Изудин Бајровиќ и Мухамед Хаџовиќ. „Екскурзија“ е првиот долгометражен филм на Уна Гуњак, која е наградена на Сараевскиот филмски фестивал со „Срцето на Сараево“ за најдобар краток филм „Кокошка“ во 2014 година, и со наградата на Европската филмска академија за најдобар краток филм.

Еден час пред почетокот на проекцијата во Кинотека, во 19 часот, ќе биде отворена изложба на сите досегашни 45. плакати од 45-те изданија на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

По завршувањето на проекцијата во Кинотека, публиката ќе има можност да поразговара со кинематограферот на филмот „Екскурзија“, Матијас Пилц. На програмата е и македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија, дистописки психолошки трилер за растењето. Во една затскриена шума, младиот Марко живее под будното око на неговиот презаштитнички настроен и мистериозен татко. Нивното заштитено постоење е сè што тој знае. Марко наоѓа утеха во својата скапоцена сликовница, барајќи мир и одговори на нејзините страници.

Еден ден, средбата со едно добродушното и беспомошно момче по име Мико носи трошка топлина и поврзаност со изолираниот свет на Марко. Како што расте неговата љубопитност, Марко почнува да копнее да ги открие тајните што лежат надвор од границите на дивината. Суровата комбинација на околности прави неговата желба да се оствари порано отколку што очекуваше. Пред него е темен пат, исполнет со непознати опасности и поглед на светот кој засекогаш е променет.

Во филмот играат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Борис Дамовски, Благој Веселинов... Во филмот „Работничката класа оди во пеколот“ на Младен Ѓорѓевиќ, играат: Тамара Крцуновиќ, Леон Лучев, Силвија Крижан, Иван Ѓорѓевиќ, Лидија Кордиќ, Момо Пиќуриќ, Оливера Викторовиќ, Мирсад Тука Томислав Трифуновиќ, Добрила Стојниќ.

Фабриката во која некогаш се вработуваа жители на целиот град и околните села, беше затворена поради сомнителна приватизација и трагичен инцидент во кој група нејзини работници загинаа во намерно запален пожар. Останатите работници, уништени од загубата на своите најблиски и последователната коруптивна продажба на фабриката, иницираат протести, но нивните напори изгледаат залудни и не даваат конкретни резултати. Чувствувајќи се напуштени од властите, па дури и од Црквата, тие бараат утеха и одговори во натприродното. „Набљудување“ на Јанез Бургер ја следи Лара, специјализант на итна медицина, која помага да се донесе млад човек во болница по бруталното претепување што било емитувано во живо на Фејсбук.

Иако младиот човек е во кома, Лара почнува да добива видеа од неговиот Фејсбук профил на кои се гледаат неидентификувани луѓе како го гледаат тепањето. Кога ќе го пријави случајот кај детективот, тој ја започнува истрагата.

Сите набљудувачи од снимката ќе и станат ноќна мора во животот, а Лара набрзо сфаќа дека и таа е учесник во тој страшен настан. Улоги: Дијана Коленц, Владимир Влашкалиќ, Бенјамин Крнетиќ, Јуре Хенигман, Наташа Кесер.

„Само кога се насмевнувам“ на Вања Јураниќ, е филм инспириран од вистински настан, ја следи Тина, која живее во навидум идиличен брак во град на јадранскиот брег. Таа е домаќинка која се грижи за својата шестгодишна ќерка, додека нејзиниот сопруг Фране заработува за семејството. Нивната врска почнува да се менува кога Тина искажува желба да го заврши факултетот, кој го напуштила поради бременост. И покрај првичниот договор и поддршка, Фране почнува да покажува незадоволство, кое на почетокот се сведува на ситна саботажа.

Со текот на времето, конфликтите стануваат се почести, а расправиите стануваат пожестоки. Во филмот играат Тихана Лазовиќ, Славко Собин, Јасна Ѓуричиќ, Елоди Палека, Марина Реџеповиќ, Надин Мичиќ, Ивана Јерковиќ Вукаловиќ, Глорија Дубељ...

Ова е трето Зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, организирано со цел да ги промовира и направи повидливи квалитетните регионални филмски остварувања, а прво во кое е вклучен ИФФК „Браќа Манаки“ и прво кое се одржува и во Македонија и чии филмови на ондименд платформата се достапни и за македонската публика. Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е поддржана од потпрограмата МЕДИА на програмата Креативна Европа на ЕУ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел