| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската Армија изврши воздушни напади во Источен Либан
Израелските воени авиони бомбардирале области во близина на градот Џинта, источно од Баалбек
Израелската Армија изврши воздушни напади во Источен Либан
Израелската Армија изврши воздушни напади во Источен Либан / Photo: AA / AA

Израелската Армија изврши воздушни напади во источен Либан доцна синоќа.

Државната либанска Национална новинска агенција (ННА) нагласи дека израелските сили продолжиле да го кршат договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 27 ноември минатата година.

Извештаите покажаа дека израелските воени авиони бомбардирале области во близина на градот Џинта, источно од Баалбек.

Во соопштение, израелската Армија потврди дека врз основа на разузнавачки информации, имала за цел да нападне неколку позиции на Хезболах во Либан со воздушни напади.

Се наведува дека израелската Армија го информирала Механизмот за следење на прекинот на огнот дека овие цели претставуваат закана за домашниот фронт и Армијата на Израел, но не била преземена никаква акција како одговор.

Воздушните напади, според израелското соопштение, биле конкретно насочени кон шверцерските рути на Хезболах што се користат за транспорт на оружје покрај границата меѓу Либан и Сирија.

Членот два од договорот за прекин на огнот наведува дека либанската Влада ќе го спречи Хезболах или кои било други вооружени групи во Либан да започнат операции против Израел, и дека Израел нема да врши никакви воени напади по копно, море или воздух врз цивилни, воени или државни цели во Либан.

Според договорот, се очекува либанската Армија постепено да се распореди во областите во јужен Либан кои моментално се окупирани од израелските сили во рок од 60 дена.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
ГТА 6 објави нов музички албум за играта со 24 нови песни
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа