| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мисијата не ЕУЛЕКС испраќа дополнителни сили на Косово
Станува збор за Европските жандармериски сили составена од припадници на француската национална жандармерија, италијанските карабинери, литванската служба за јавна безбедност и португалската Национална републиканска гарда
Мисијата не ЕУЛЕКС испраќа дополнителни сили на Косово
Припадниците на ЕУРОГЕНДФОР ќе ја засилат Специјализираната полициска единица (СПУ) на ЕУЛЕКС / Photo: Reuters / Reuters

Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) објави дека ја зајакнува Специјализираната полициска единица (СПУ) преку привремено распоредување на припадници на Европските жандармериски сили (ЕУРОГЕНДФОР).

Станува збор за припадници на француската национална жандармерија, италијанските карабинери, литванската служба за јавна безбедност и португалската Национална републиканска гарда.

Овие сили ќе работат заедно со припадниците на Специјализираната полициска единица на ЕУЛЕКС со цел да се промовира стабилноста и безбедноста во Косово за сите заедници.

„Овие сили се очекува да пристигнат во Косово за да ги зајакнат капацитетите на мисијата на терен и да обезбедат поддршка за косовската полиција. Како втора инстанца во трислојниот безбедносен систем за одговор, тие, доколку е потребно, ќе спроведуваат видливи патроли и ќе придонесат за безбедносна ситуациона свест“, соопшти ЕУЛЕКС.

Распоредувањето на оваа резервна единица се случува во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат во Косово на 9 февруари.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ