| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Пезешкијан: Иран никогаш не планирал да го убие Доналд Трамп
Никогаш не сме се обиделе да започнеме со тоа, и никогаш нема да го направиме тоа, рече иранскиот претседател Пезешкијан во интервјуто за Ен-Би- Си Њуз и додаде дека обвинувањата се фабрикувани од Израел и други земји кои се хранат со иранофобијата
Пезешкијан: Иран никогаш не планирал да го убие Доналд Трамп
Се надевам дека Трамп ќе работи за мир во регионот и светот, а не обратно да придонесе за крвопролевање или војна, рече иранскиот претседател / Photo: AA / AA

Само неколку дена пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа, иранскиот претседател го повтори категоричното негирање на неговата земја дека е дел од заговор за убиство на Трамп за време на неговата изборна кампања минатата година.

Масуд Пезешкијан ги даде забелешките во своето прво интервју за американски медиум откако Трамп преживеа обид за атентат минатиот јули, а исто така и откако американското Министерство за правда во ноември обвини Иранец во врска со заговор за убиство на Трамп претходниот месец. Трамп победи на изборите на 5 ноември и треба да ја преземе функцијата следниот понеделник.

„Никогаш не сме се обиделе да започнеме со тоа, и никогаш нема да го направиме тоа“, рече Пезешкијан во интервјуто за Ен-Би- Си Њуз во Техеран во вторникот.

Тој продолжи со констатација дека обвинувањата оти Иран се обидел да го убие Трамп се дел од „шемите на странци“ - мислејќи на Израел и други земји - да се „хранат со иранофобијата“.

Во врска со односите со САД и тензиите со западните земји околу иранското нуклеарно прашање, заедно со неодамнешните закани од Трамп дека ќе ги зголеми санкциите и ќе изврши поголем притисок врз Иран, Пезешкијан обвини дека САД „се обиделе да го срушат Иран“.

„Се надевам дека Трамп ќе работи за мир во регионот и светот, а не обратно да придонесе за крвопролевање или војна“, рече тој.

Во врска со дијалогот со САД и западните земји, иранскиот претседател рече дека неговата земја „ги исполнила сите обврски“ во врска со својата нуклеарна програма, додавајќи: „Но за жал, другата страна беше таа што не ги исполни своите ветувања и обврски.

Запрашан за евентуален американско-израелски воен напад врз Иран, тој рече дека Иран „ќе реагира на секоја акција и ќе се брани“, нагласувајќи дека секој напад врз Иран „ќе биде штетен за сите актери“, не само за Иран.

Во врска со прашањето за тековните напори за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас, Пезешкијан рече дека Иран прави се што може „за да надвладее мирот во регионот“.

Неодамнешните коментари на учесниците во разговорите за прекин на огнот укажаа на веројатно неизбежен договор.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије доби пофалби за глобалното лидерство во борбата против фрлањето храна
Иран останува на својот предлог како основа за обновување на безбедноста во Ормускиот Tеснец
Ердоган: Братските односи меѓу Туркије и Азербејџан се нераскинливи, никој не може да ги поткопа
Претседателот на КОП31, Мурат Курум, повика климатските ветувања да се преточат во реалност
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци