| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Северна Македонија го поздрави договорот за прекин на огнот во Газа
Министерството за надворешни работи преку објава на официјалниот профил на социјалната мрежа X, повика на имплементација на договорот и траен мир и стабилност во регионот
Северна Македонија го поздрави договорот за прекин на огнот во Газа
Министерството за надворешни работи преку објава на официјалниот профил на социјалната мрежа X, повика на имплементација на договорот и траен мир и стабилност во регионот/ Photo: AA Archive / AA Archive

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) на Северна Македонија го поздрави договорот за примирје во Газа постигнат помеѓу Хамас и Израел.

МНРНТ, преку објава на официјалниот профил на Министерството на социјалната мрежа X, повика на имплементација на договорот и траен мир и стабилност во регионот.

„Го поздравуваме договорот за ослободување заложници и прекин на огнот во Газа и ги поздравуваме дипломатските напори на САД, Египет и Катар за олеснување на договорот. Фокусот сега мора да се пренесе на обезбедување имплементација на договорот, создавање пат кон траен мир и стабилност во регионот“, се вели во објавата.

Прекинот на огнот се случи на 467. ден од израелската неселективна воена кампања врз Газа, во која се убиени над 46.700 Палестинци, повеќето жени и деца, која започна по прекуграничниот напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година. Во тој напад загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 250 беа вратени од Газа како заложници.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година