| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската влада утре ќе го ратификува договорот за примирјето во Газа
Кабинетот на Нетанјаху рано утрово соопшти дека Кабинетот нема да се состане, како што беше најавено, за да го ратификува договорот за прекин на огнот додека Хамас не го одобри договорот објавен од посредниците
Израелската влада утре ќе го ратификува договорот за примирјето во Газа
Екстремно десничарска група се собра пред Кабинетот на премиерот во Западен Ерусалим, протестирајќи против договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас / Photo: AA / AA

Израелската влада ќе се состане рано во петок за да го ратификува договорот за прекин на огнот и размена на заложници со палестинската група Хамас во Појасот Газа.

Повикувајќи се на неименуван извор, ова го соопшти израелската радиодифузна управа (КАН).

Договорот, објавен од Катар во средата, треба да стапи на сила во недела.

Палестинската група на отпорот Хамас денеска ги негираше тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводно отстапување од договорот за прекин на огнот објавен од посредниците, повторувајќи ја својата посветеност на примирјето.

„Хамас е посветен на договорот за прекин на огнот објавен од посредниците“, се вели во соопштението на високиот претставник на групата, Изет ал-Ришк.

Кабинетот на Нетанјаху рано утрово соопшти дека Кабинетот нема да се состане за да го ратификува договорот за прекин на огнот додека Хамас не го одобри договорот објавен од посредниците.

Израелскиот безбедносен кабинет требаше да се состане денес за да го ратификува договорот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
ГТА 6 објави нов музички албум за играта со 24 нови песни
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад