| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Тел Авив ќе ослободи 1.977 палестински затвореници за 33 Израелци во Газа
„Хаарец“ објави дека првиот ден од договорот ќе бидат ослободени тројца израелски заложници, четворица на седмиот ден, а по тројца на 14., 21., 28. и 35. ден, а последната група од 14 заложници ќе биде ослободена во последната недела од првата фаза
Тел Авив ќе ослободи 1.977 палестински затвореници за 33 Израелци во Газа
Размената ќе се спроведе во седум фази во текот на првите 42 дена, а Израел планира да ослободи 290 Палестинци со доживотни казни затвор / Photo: AA / AA

Израел планира да ослободи 1.977 палестински затвореници, од кои 290 се со доживотни казни затвор, како и 1.687 обвинети за различни дела, во првата фаза од договорот за размена на затвореници и прекин на огнот во Газа, што ќе стапи на сила в недела, според израелските медиуми.

Според дневниот весник „Једиот ахронот“, Тел Авив ќе ги ослободи палестинските затвореници во замена за 33 израелски заложници кои моментално се држат во Појасот Газа.

Договорот предвидува ослободување на 1.000 палестински затвореници кои биле уапсени по 7 октомври 2023 година, како и 47 затвореници кои биле повторно уапсени и покрај нивното ослободување во договорот за размена на затвореници од 2011 година.

Размената ќе се спроведе во седум фази во текот на првите 42 дена.

Израелскиот весник „Хаарец“ денес објави дека првиот ден од договорот ќе бидат ослободени тројца израелски заложници, четворица на седмиот ден, а по тројца на 14-тиот, 21-виот, 28-миот и 35-тиот ден, додека последната група од 14 заложници ќе биде ослободена во последната недела од првата фаза.

Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер се потврдува дека процесот на размена се очекува да започне в недела, по одобрувањето од страна на Советот за безбедност и Владата.

Министерството за правда на Израел, а потоа и израелската Затворска служба, ќе објават листа на затвореници кои ќе бидат ослободени во првата фаза од договорот.

Според Палестинската комисија за прашања на затворениците, Израел моментално држи 10.400 Палестинци, од кои 600 отслужуваат доживотни казни затвор.

Во средата Катар објави трифазен договор за прекин на огнот, со цел да се стави крај на над 15-месечните смртоносни израелски напади врз Појасот Газа. Прекинот на огнот ќе стапи во сила в недела.

Според локалните здравствени власти, од 7 октомври 2023 година, израелската војна врз Газа доведе до загинување на речиси 46.800 Палестинци, главно жени и деца, а над 110.000 се повредени.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел