| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Протест на просветарите во Белград, дел од средните училишта штрајкуваат
Премиерот Милош Вучевиќ изјави дека од утре Просветниот инспекторат ќе ги посети училиштата што, како што рече, ја прекинале наставата спротивно на законот и ги повика родителите и учениците да не дозволуваат училиштата да се „трујат со политика“
Протест на просветарите во Белград, дел од средните училишта штрајкуваат
На собирот одекнуваше слоганот „Генерален штрајк, генерален штрајк“ / Photo: AA / AA

Илјадници просветни работници, студенти, ученици и граѓани се собраа првиот ден од второто полугодие на протест во Белград насловен „Учителите и наставниците се со студентите“ и повикаа на генерален штрајк во Србија.

Собирот е одржан во организација на Независниот синдикат на просветните работници на Србија, а по обраќањата следуваше акцијата „15 минути молк“, во знак на почит на загинатите при уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Собирот пред Филозофскиот факултет во Белград симболично започна со песната „Живеј слободно“ на Ѓорѓе Балашевиќ, а беше интонирана и химната на академските граѓани.

Голем број образовни установи низ Србија денес ја прекинаа наставата во знак на поддршка и солидарност со студентските протести со цел исполнување на нивните барања, но и барањата на просветните работници.

Душан Кокот, претседател на Независниот синдикат на просветните работници на Србија, изјави дека наставата денес не започнала во 50 отсто од училиштата. Додаде дека овој процент е дури 80 отсто во поголемите градови.

„Покажавме храброст да издржиме пред заканите“, рече Кокот.

На собирот одекнуваше слоганот „Генерален штрајк, генерален штрајк“.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека од утре Просветниот инспекторат ќе ги посети училиштата што, како што рече, ја прекинале наставата спротивно на законот.

Тој ги повика сите, особено родителите и учениците, да не дозволуваат училиштата да се „трујат со политика“.

„Имаме Парламент, имаме плоштади, имаме медиуми, таму се зборува за политика“, изјави Вучевиќ за новинската агенција Танјуг и додаде:

„На политиката не ѝ место меѓу децата.“

По смртта на 15 лица при уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, во Србија започнаа студентски протести со барање за одговорност на надлежните.

Во протестите се вклучија и професори и наставници од белградските факултети и училишта.

Тие бараат објавување на целата документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, отфрлање на обвиненијата за студентите, активистите и граѓаните уапсени и приведени во текот на протестите, како и поднесување кривична пријава за напаѓачите на демонстрантите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кремљ: Руската делегација не одржа разговори со европските претставници во Абу Даби
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Ердоган повика на климатски акции од развиените нации истакнувајќи го израелскиот екоцид во Газа
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата