| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
Српскиот тенисер славеше со 3-1 во сетови против Шпанецот, а во полуфиналето на Австралија опен ќе игра против Александар Зверев, кој претходно денеска го совлада Томи Пол со 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1
Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
Ова беше осми дуел на двајцата тенисери и петта победа за Ѓоковиќ, кој денеска стигна до своето 48. Грен слем полуфинале / Photo: Reuters / Reuters

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако денеска во четвртфиналето го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 4:6, 6:4, 6:3. 6:4.

Натпреварот траеше три часа и 35 минути.

Ѓоковиќ е седмопласиран тенисер во светот, додека Алкараз е трет на АТП листата.

Ова беше осми дуел на двајцата тенисери и петта победа за Ѓоковиќ, кој денеска стигна до своето 48. Грен слем полуфинале.

Тој стигнуваше 12 пати до полуфиналето на секој од четирите големи турнири.

Српскиот тенисер во полуфиналето на Австралија опен ќе игра против Александар Зверев, кој претходно денеска го совлада Томи Пол со 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1.

Ѓоковиќ и Зверев во кариерата одиграа 12 меѓусебни меча, а српскиот тенисер води со 8:4 во победи.

Во вториот гем од првиот сет, српскиот тенисер искористи брејк топка и го зема сервисот на противникот. Алкараз возврати во следниот гем и доби брејк.

Потоа се играше гем за гем. Шпанскиот тенисер ја искористи третата брејк топка во деветтиот гем и поведе со 5:4. Ѓоковиќ потоа отиде во соблекувалната и побара медицински тајмаут поради проблем со бутниот мускул. Мечот продолжи, а Алкараз го задржа својот сервис и го освои првиот сет.

Српскиот тенисер направи брејк во вториот гем од вториот сет.

Двајцата играчи го држеа својот сервис до петтиот гем кога Алкараз го прекина сервисот на српскиот играч.

Ѓоковиќ потоа пропушти две брејк топки во шестиот гем, но ја искористи првата од трите брејк топки во 10. гем израмнувајќи на 1:1 во сетови.

Алкараз спаси три брејк топки на почетокот на третиот сет, две во вториот гем и една во четвртиот. Ѓоковиќ направи брејк во шестиот гем, а потоа Алкараз возврати во следниот гем за да намали на 4:3.

Српскиот тенисер ја искористи првата од трите брејк топки во осмиот гем и му го одзеде сервисот на противникот. Потоа го задржа сервисот и го освои третиот сет.

Ѓоковиќ четвртиот сет го започна со брејк во првиот гем. Шпанскиот тенисер потоа пропушти брејк топка во четвртиот гем. Српскиот тенисер имаше една брејк топка во седмиот гем, но Алкараз го задржа сервисот. Алкараз пропушти две брејк топки во следниот гем.

Србинот го задржа својот сервис до крајот на четвртиот сет и дојде до победата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата