| Macedonian
СПОРТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ф1: Хамилтон за прв пат возеше болид на Ферари
Хамилтон (40) беше зад воланот на Ферари СФ-23, спецификација од 2023 година со број 44, a за време на возењето тој двапати им мавташе на околу 1.000 навивачи кои се собраа на патеката Маранело и покрај студеното време
Ф1: Хамилтон за прв пат возеше болид на Ферари
Хамилтон освои седум шампионски титули во Формула 1, од кои шест беа додека беше член на Мерцедес / Photo: Reuters / Reuters

Британецот Луис Хамилтон денеска за првпат возеше болид на Ферари на тест патеката на италијанскиот тим, лоцирана во Фиорано Моденезе, во близина на Маранело.

Хамилтон (40) беше зад воланот на Ферари СФ-23, спецификација од 2023 година со број 44.

Британскиот возач го започна својот прв круг со Ферари во 9:16 часот на патеката Фиорано. За време на возењето, тој двапати им мавташе на околу 1.000 навивачи кои се собраа на блискиот мост и покрај студеното време.

Хамилтон го имаше првиот ден како возач на Ферари во понеделникот, откако го напушти Мерцедес на крајот на минатата година.

Хамилтон освои седум шампионски титули во Формула 1, од кои шест беа додека беше член на Мерцедес.

Официјалното предсезонско тестирање ќе се одржи од 26 до 28 февруари во Бахреин.

Новата сезона во Ф1 шампионатот официјално започнува на 16-ти март со Големата награда на Австралија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ