| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Хрватскиот краток филм „Човекот кој не можеше да молчи“ номиниран за Оскар
„Емилија Перез“ има најмногу номинации, 13, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Жак Одиар), најдобра актерка (Карла Софија Гаскоњ) и најдобра споредна женска улога (Зое Салдана), а „Бруталистот“ и „Злобница“ имаат по 10 номинации.
Хрватскиот краток филм „Човекот кој не можеше да молчи“ номиниран за Оскар
Академијата за филмски уметности и науки двапати ги одложуваше номинациите поради катастрофалните пожари во Лос Анџелес / Photo: Reuters / Reuters

Хрватскиот краток филм „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ, кој ја раскажува приказната за злосторството на железничката станица во Штрпци за време на војната во Босна и Херцеговина, е номиниран за Оскар во категоријата за најдобар краток филм.

Академијата за филмски уметности и науки, која двапати ги одложуваше номинациите поради катастрофалните пожари во Лос Анџелес од шумските пожари, денеска ги објави номинираните за Оскар за 2025 година во 23 категории.

„Емилија Перез“ води со најмногу номинации, 13, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар режисер (Жак Одиар), најдобра актерка (Карла Софија Гаскоњ) и најдобра споредна женска улога (Зое Салдана). Потоа следат „Бруталистот“ и „Злобница“, со по 10 номинации.

Освен „Емилија Перез“, „Бруталитот“ и „Злобница“, во категоријата најдобар филм се номинирани и „Анора“, „Целосно непознато“, „Конклава“, „Дина: Втор дел“, „Сè уште сум тука“, „Никел Бојс“, и „Супстанција“.

Покрај „Човекот што не можеше да молчи“ во категоријата за најдобар краток филм се натпреваруваат и „Вонземјани“, „Ануја“, „Јас не сум робот“ и „Последниот ренџер“.

Хрватскиот филм, кој претходно ја освои „Златната палма“ за најдобар краток филм на 77. Кански филмски фестивал, ја раскажува приказната за злосторството извршено од страна на припадниците на Војската на Република Српска врз 19 цивили (18 Бошњаци и еден Хрват).

Европската филмска академија неодамна го прогласи за најдобар европски краток филм. Ова е голем успех и за хрватската кинематографија, бидејќи е прва номинација на хрватски филм за престижна награда откако Хрватска стекна независност.

Ноќта на Оскарите треба да се одржи во недела, на 2 март, во театарот Долби во Холивуд. Домаќин ќе биде Конан О’Брајан.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница