| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Хезболах: Ако Израел не се повлече целосно од Либан го крши договорот
Плановите за продолжување на военото присуство на Израел во Либан надвор од крајниот рок се повик до либанските власти да изврши притисок врз земјите кои го спонзорираат прекинот на огнот за да обезбедат негово спроведување, веат од Хамас
Хезболах: Ако Израел не се повлече целосно од Либан го крши договорот
Договорот за прекин на огнот, постигнат во ноември лани им даде на израелските војници 60 дена да се повлечат од Либан / Photo: Reuters / Reuters

Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека ако израелските сили не се повлечат целосно од Либан до недела, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот, тоа ќе биде „еклатантно“ кршење на договорот.

Милитантната група рече дека извештаите за плановите за продолжување на военото присуство на Израел во Либан надвор од крајниот рок се повик до политичкото раководство во Либан да изврши притисок врз земјите кои го спонзорираат прекинот на огнот за да обезбедат негово спроведување, објави Ал Џезира.

Хезболах во соопштението нагласи дека либанската армија треба да може да се распореди на „секој сантиметар“ од Либан и дека жителите на областите кои моментално се под израелска окупација мора да можат брзо да се вратат во своите домови.

Договорот за прекин на огнот, постигнат во ноември минатата година по разорната војна во која Израел уништи големи делови од Либан и уби неколку високи политички и воени претставници на Хезболах, им даде на израелските војници 60 дена да се повлечат од Либан.

Од Хезболах се бараше да ги повлече своите сили северно од реката Литани, на околу 30 километри од границата со Израел.

САД и Франција беа главните посредници во постигнувањето на договорот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи