| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Древниот турски град Ефес пречека 2,7 милиони посетители минатата година
Лоциран во областа Измир, во Туркије, Ефес е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, а неговите остатоци сведочат за богатата историја на Анадолија, од праисториските времиња па сè до хеленистичката, римската, византиската и османлиската ера
Древниот турски град Ефес пречека 2,7 милиони посетители минатата година
Како втор најважен град во Римската Империја, Ефес растел и просперирал, а неговите жители биле претежно образовани и богати / Photo: AA / AA

Древниот град Ефес, кој важи за еден од најзначајните метрополи на античкиот свет, минатата 2024 година забележа рекордна посетеност од 2,69 милиони посетители.

Лоциран во областа Измир, во Туркије, Ефес е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, а неговите остатоци сведочат за богатата историја на Анадолија, од праисториските времиња па сè до хеленистичката, римската, византиската и османлиската ера.

Иако Ефес постои уште од неолитот, градот ја достигнал својата полна слава под Римската Империја, кога станал главен град на Мала Азија.

Како втор најважен град во Римската Империја, Ефес растел и просперирал, а неговите жители биле претежно образовани и богати.

Неговите архитектонски дела, богато украсени, ја славеле среќата и успехот на локалното население, што сè уште ги фасцинира посетителите.

Под античките Грци, Ефес се истакнал со изградбата на храмот на Артемида – едно од седумте светски чуда на античкиот свет.

Иако денес од храмот останала само една колона, историските записи сведочат за неговата големина и импресивност.

Денес, туристите од целиот свет пристигнуваат во Ефес за да ја искусат неговата импресивна историја и наследство.

Од театарот што може да собере 25.000 луѓе, до древната библиотека на Целсус, Ефес нуди уникатен прозорец кон античкиот свет.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година