| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Хезболах против продолжување на рокот за повлекување на израелската армија
Шефот на либанската милитантна група Хезболах во снименото телевизиско обраќање рече дека не прифаќаат тој рок да се продолжи дури и за еден ден, а ОН, САД, Франција и Израел ќе бидат одговорни за сите последици од одложувањето на повлекувањето
Хезболах против продолжување на рокот за повлекување на израелската армија
САД во неделата објавија дека договорот меѓу Либан и Израел ќе остане на сила до 18 февруари, иако рокот помина во неделата / Photo: Reuters / Reuters

Шефот на либанската милитантна група Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека групата нема да прифати никакво оправдување за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници од јужен Либан.

Касем во снименото телевизиско обраќање рече дека Израел мора да се повлече од јужен Либан бидејќи рокот од 60 дена за тоа истече во неделата.

Тој нагласи дека Хезболах не прифаќа тој рок да се продолжи дури и за еден ден, пренесе Ројтерс.

„Обединетите нации, САД, Франција и Израел ќе бидат одговорни за сите последици од одложувањето на повлекувањето“, рече Касем.

Израел во петокот објави дека неговото воено повлекување ќе трае подолгo од рокот од 60 дена, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот со Хезболах, но како причина наведе дека либанската држава не го спроведе целосно договорот.

САД во неделата објавија дека договорот меѓу Либан и Израел би требало да остане на сила до 18 февруари.

Касем истакна дека Хезболах добил информации дека Вашингтон првично им предложил на либанските власти да го продолжат договорот до 28 февруари, но тие одбиле.

Либанскиот привремен премиер Наџиб Микати за време на состанокот со американската амбасадорка во Либан, Лиза Џонсон, рече дека земјата го прифатила продолжувањето на договорот за прекин на огнот со Израел до 18 февруари.

Микати рече дека е потребен притисок за да се осигура дека Израел целосно ќе се повлече од јужен Либан, соопшти денеска неговиот кабинет.

Израелската армија вчера и денеска уби најмалку 24 лица и рани повеќе од 140 во јужен Либан додека се обидувале да се вратат во своите домови, соопшти либанското Министерство за здравство.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ