| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Собраниска делегација од Туркије во посета на Северна Македонија
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Туркије Фуат Октај нагласи дека целта на посетата е развивање на конкретна соработка меѓу комисиите, како и продлабочување на соработката на мултулатерален план.
Собраниска делегација од Туркије во посета на Северна Македонија
Собраниска делегација од Туркије во посета на Северна Македонија / Photo: Прес-служба на Собранието на РСМ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Делегација од Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Туркије, предводена од Фуат Октај, претседател на Комисијата и поранешен потпретседател на Република Туркије.

На средбата присуствуваа пратениците: Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Туркије, Фатмир Битиќи и Мерита Колчи Коџаџику, членови на Групата и генералната секретарка, Марина Димовска.

На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије на сите полиња, а особено на парламетарно ниво.

Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази уверување дека парламентарната димензија на билатерални односи има клучна улога во зајакнувањето на меѓусебната соработка. Тој се осврна на потребата за остварување редовни средби меѓу комисиите и пратенички групи за пријателство и соработка од двата парламента. Во врска со мултилатералната соработка, Гаши оцени дека блиската соработка и координација во рамките на парламентарните собранија на Советот на Европа, на ОБСЕ, на НАТО и на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, е мошне значајна за постигнувањето на заедничките интереси на двете земји.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Туркије Фуат Октај нагласи дека целта на посетата е развивање на конкретна соработка меѓу комисиите, како и продлабочување на соработката на мултулатерален план. Тој се заложи за натамошно продлабочување на билатералните односи на сите полиња, а особено во економската сфера.

Пратеникот Бејџан Илјас се осврна на значењето на групите за пријателство и соработка од двата парламента и информираше за планираните идни активности, односно посетата на делегација на Групата за пријателство Туркије-Северна Македонија. Тој нагласи дека турската заедница во земјава придонесува за унапредување на меѓусебните односи, како во приватниот, така и во јавниот живот.

Соговорниците се осврнаа на економската соработка меѓу двете земји, при што беше повторена заложбата за зголемување на меѓусебната трговска размена и ажурирање на билатералниот договор за слободна трговија. Беше оценето дека неодамнешниот бизнис форум, на кој присуствуваа околу 120 стопанственици од двете држави, во голема мера може да придонесе на овој план.

На средбата стана збор и за успешната соработка на полето на надворешната политика, одбраната, европските интеграции, внатрешните работи, образованието, културата и туризмот. Гаши и Октај ги поздравија активностите на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА, на Институтот Јунуз Емре и на Фондацијата Маариф во земјава.

Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални прашања и за состојбата во регионот и се осврнаа на потребата за континуирана регионална соработка. Тие изразија надеж дека плодната и успешна соработка меѓу двете собранија ќе продолжи да се остварува со уште поголем интензитет во иднина.

Во рамките на дводневната посета на Северна Македонија, делегацијата од Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Туркије, предводена од Фуат Октај, денес оствари средба со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи и надворешна трговија, Муса Џафери, и членовите, а потоа ја посети Старата скопска чаршија, како и Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ).

Според најавата, за утре е предвидена средба на турската делегација со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, посета на кампусот на Меѓународното училиште Маариф во Скопје, средба со турските институции и запознавање со претставниците на институциите.

Меѓу другото, предвидени се и одделни средби со претстаниците на турските политички партии во земјава, како и посета на скопското село Цветово.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза
Папата Лав XIV започнува значајна посета на Перу, по емотивното заминување од Аргентина