| Macedonian
Мицкоски најави поригорозни контроли во маркети и други трговски објекти
„Сите треба да знаат дека сме сериозни и овој напад го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а Владата има право и обврска да го шити јавниот и интересот на граѓаните“, подвлече Мицкоски.
Мицкоски најави поригорозни контроли во маркети и други трговски објекти
Мицкоски најави поригорозни контроли во маркети и други трговски објекти. / Фото: Прес-служба на Владата

Почнуваат поригорозни контроли во маркети и во други трговски објекти, најави вчера македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Како што соопшти, тој вчера имал координација со министерот за економија и труд, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат.

„Договоривме чекори кои ќе се случат, почнувајќи од денеска. На вчeрашната прес-конференција од ваши колеги беа потенцирани два ланца маркети кои можеби прават одредени изигрувања на законите и процедурите. Денеска тие ќе подлежат на ригорзна контрола и во деновите што следат. Според информациите со кои располагаме, имаме отприлика околу 20 000 коминтенти по ланец суперакети и ќе треба длабоко да се навлезе за да видиме дали постојат вакви индиции. Но, истовремено и други трговски објекти ќе подлежат на ваков тип контроли зашто стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме се како Влада за да го заштитиме“, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Во зголемувањето на цените кај одредени маркети, Владата, рече премиерот, гледа напад врз стандардот на граѓаните.

„Сите треба да знаат дека сме сериозни и овој напад го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а Владата има право и обврска да го шити јавниот и интересот на граѓаните“, подвлече Мицкоски.

Тој го поддржа најавениот бојкот од страна на на маркетите најавен за в петок, нагласувајќи дека „од почеток зборува за поединци во овој бизнис кои шпекулативно сакаат да профитираат“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата