Северна Македонија и Црна Гора меѓу топ 10 „најпланински“ земји во светот
РЕГИОН
3 мин читање
Северна Македонија и Црна Гора меѓу топ 10 „најпланински“ земји во светотРепублика Северна Македонија и Црна Гора се две балкански земји кои се меѓу првите 10 земји со највисок процент на планински области на нивните територии, покажува рангирањето на World Atlas.
Северна Македонија и Црна Гора меѓу топ 10 „најпланински“ земји во светот / TRT Balkan

Република Северна Македонија и Црна Гора се две балкански земји кои се меѓу првите 10 земји со највисок процент на планински области на нивните територии, покажува рангирањето на World Atlas.

Јужноазиската земја сместена во источнтие Хималаи - Бутан, е земја со највеќе планински области во рамките на својата територија. Планините покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Северна Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, а по неа, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

Земјава може да се пофали со 13 повисоки планини, со надморска височина над 2.000 метри, што за малата територија и не се малку. Често за одредница се земаат одредени вредности за височина, наклон и површина, иако во различни делови на светот тие имаат различни вредности, пишува порталот fakulteti.mk.

 Како што наведуваат, сепак, за подрачјето на Балканскиот Полуостров обично за планина се смета возвишение со апсолутна и релативна височина поголема од 500 м, просечен наклон поголем од 5 степени и површина поголема од 50 квадратни километри.

Освен тоа, една планина, за да се смета како самостојна целина, треба да биде јасно одвоена со длабока долина или превој од друга планина. Ако не е така, тогаш станува збор за планински систем или планински масив. Затоа, често она што локалното население го нарекува планина, всушност, релјефно е дел од поголем планински масив.

Ова се планините и планинските масиви со надморска височина од над 2.000 метри:

Кораб (Корапски масив: Кораб со Дешат и Крчин), со највисок врв Голем Кораб (2.753 м).

Шар Планина (Шарпланински масив), со највисок врв Титов Врв (2.747 м).

Баба, со највисок врв Пелистер (2.601 м).

Јакупица (Јакупички масив или Мокра), со највисок врв Солунска Глава (2.540 м). Дел од овој масив се Јакупица, Караџица, Даутица, Голешница и Китка. По површина е најголем планински масив во Македонија.

Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак), со највисок врв Кајмакчалан (2.520 м).

Галичица (со Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток), со највисок врв Вир – 2.288 м (во Албанија). На територијата на Република Македонија највисок врв е Кота (2.265 м).

Стогово (Стогово со Караорман), со највисок врв Голем Рид (2.268 м).

Јабланица, со највисок врв Црн Камен (2.256 м).

Осоговски планински масив (со Лисец, Плавица, Синковица), со највисок врв Руен (2.252 м).

Кожув, со највисок врв Зелен Брег (2.165 м).

Бистра, со највисок врв Меденица (2.163 м).

Сува Гора (Сува Гора со Добра Вода и Песјак), со највисок врв Добра Вода (2.061 м). Според одредени карактеристики, Сува Гора може да се смета за одделна планина од Добра Вода и Песјак.

Беласица, со највисок врв Радомир (во Бугарија) од 2.029 м. Во Македонија највисок врв е Тумба (1.881 м).

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Руска фрегата истрелала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер
Надзорно тело на Пентагон: Војната со Иран откри стратегиски недостиг на американска муниција
Зеленски се сомнева дека Русија ќе го почитува примирјето за енергетските објекти што го најави Трам
Портпарол на владата: Германија ќе преземе нови чекори против шпионажа и саботажа
Американски суд го блокира новото правило на администрацијата на Трамп за визи за странски студенти
Ердоган: Договорот за одбрана од Мека испраќа сигнал до исламскиот свет
Во израелските напади низ Газа убиени тројца Палестинци, над 30 повредени
Десничарската АФД во Германија со рекордна поддршка од 30 %
Карни: Канада сака „уникатен сојуз“ со ЕУ, не сака да биде членка на унијата
Авиони на НАТО соборија беспилотно летало во воздушниот простор на Литванија
Зеленски го разреши главниот обвинител
Трамп: Имаме доволно надзор над ВИ фирмите, застојот и оди во прилог само на Кина
Фидан: При разговорите во Дамаск дискутиравме за посетата на претседателот Ердоган на Сирија
Еден мигрант се удави во бродска несреќа близу Грција, 25 се водат за исчезнати
Ле Пен води во анкетите за претседателските избори во Франција