| Macedonian
Гугл ќе плати казна во тужба за тајно слушање на корисниците
Гугл Асистент“ бил активиран без согласност на корисниците и снимал приватни разговори, кои потоа биле испраќани до серверите на компанијата
Гугл ќе плати казна во тужба за тајно слушање на корисниците
Гугл ќе плати казна во тужба за тајно слушање на корисниците / AP
 

„Гугл“ се согласи да плати 68 милиони долари во спогодба за тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија, по поплаките дека нивната технологија за гласовен асистент тајно прислушкувала приватни разговори.

Тужбата е поднесена на 23 јануари, а во неа се тврди дека „Гугл Асистент“ бил активиран без согласност на корисниците и снимал приватни разговори, кои потоа биле испраќани до серверите на компанијата.

Според жалбата, Андроид уредите што ја користат апликацијата се дизајнирани да се активираат само по откривање на фрази за активирање како што се „Hey Google“ или „Ok Google“, но асистентот понекогаш се активирал ненамерно.

Иако Гугл ги обработува гласовните команди преку пренесување снимки до своите сервери, во тужбата се тврди дека ненамерните активирања резултирале со собирање и пренесување на приватни разговори без знаење на корисниците.

Функцијата асистент е достапна на широк спектар на уреди, како што се Гугл телефони, паметни звучници, лаптопи, таблети и безжични слушалки.

Гугл соопшти дека се согласил да плати 68 милиони долари за да избегне судски спор.

Спогодбата чека одобрување од страна на американскиот окружен судија Бет Лабсон Фримен.

Слично на тоа, на 3 јануари, Епл се согласи да плати 95 милиони долари за да реши групна тужба во која се тврди дека нивниот гласовен асистент Сири прислушкувал приватни разговори и ја нарушувал приватноста на корисниците.

Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ