| Macedonian
Гунвор Груп ќе го купи имотот на Лукоил во странство
Групацијата Гунвор е еден од најголемите трговци со сурова нафта во светот, основана во 1997 година од Швеѓанецот Торбјорн Торнквист, кој е извршен директор, заедно со рускиот милијардер Генадиј Тимченко
Гунвор Груп ќе го купи имотот на Лукоил во странство
Лукоил, исто така, поседува мрежи за малопродажба на гориво во Србија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Северна Македонија / AP
30 октомври 2025

Руската нафтена компанија Лукоил објави дека прифатила понуда од меѓународниот трговец со нафта „Гунвор груп“ за преземање на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, која управува со странските средства на руската компанија.

Трансакцијата се спроведува поради санкциите наметнати од САД против „Лукоил“ и нејзините подружници.

Според компанијата, клучните услови за продажбата веќе се договорени, а „Лукоил“ ветил дека нема да преговара со други потенцијални купувачи.

Склучувањето на обврзувачки договор за трансакција зависи од исполнувањето на одредени услови, вклучително и одобрување од страна на Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OФAЦ), како и издавање на релевантни дозволи и лиценци во други јурисдикции.

ТАСС известува дека вредноста на странските средства на „Лукоил“ се проценува на помеѓу 9 и 15 милијарди американски долари.

Лукоил учествува во светското производство на нафта со 2%. Ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија, ги снабдува со нафта Словачка, Унгарија и турската рафинерија „СТАР“ и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво во Европа и разни проекти за производство на нафта и гас во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.

Исто така, поседува мрежи за малопродажба на гориво во Србија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Северна Македонија.

Групацијата Гунвор е меѓународна компанија за трговија со енергија, регистрирана на Кипар, со главно трговско седиште во Женева, Швајцарија. Има канцеларии во Сингапур, Хјустон, Стемфорд, Лондон, Калгари и Дубаи, како и мрежа на претставништва низ целиот свет.

Компанијата обезбедува сурова нафта и нафтени производи од производителите и ги дистрибуира на пазарот преку цевководи и танкери.

Имено, Гунвор го набавува поголемиот дел од својата сурова нафта од американските земји, но исто така тргува со африкански, азиски и јужноамерикански нафтени деривати, работејќи на сите континенти.

Компанијата престана да тргува со руска сурова нафта и сега се занимава само со многу мали количини руски деривати во согласност со меѓународните санкции.

Торбјорн Торнквист роден во 1953 година во Шведска, е извршен директор и ко-основач на Гунвор, заедно со рускиот милијардер Генадиј Тимченко.

Двајцата го основаа Гунвор во 1997 година, а Торнквист е негов извршен директор оттогаш. Компанијата прерасна во еден од најголемите трговци со сурова нафта во светот.

Денес Торнквист поседува околу 88 проценти од Гунвор, додека остатокот го држат вработените.

Повеќе
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток
Ирак ја отфрли можноста за користење на неговата територија за напади врз соседите
Европа го зголеми увозот на оружје за трипати, САД главен снабдувач
Иранска балистичка ракета пресретната на пат кон Туркије
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар
Медиуми: Виткоф и Кушнер ја откажале посетата на Израел
Фон дер Лајен: ЕУ мора итно да го промени својот пристап кон надворешната политика
Иран ќе го конфискува имотот на своите државјани во странство „виновни за соработка“ со САД и Израел
Кина побара да не се таргетира новозначениот ирански врховен лидер
Зеленски: Украина испрати пресретнувачи на дронови и експерти во американските бази во Јордан