| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Признание за квалитет: ФИФА амблеми за македонските судии
Со нетрпение очекуваме да видиме судии од овие простори во нашите најголеми натпреварувања, во Лигата на шампионите, на Европските првенства и насекаде на меѓународната сцена, сè зависи од вас, порача шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети
Признание за квалитет: ФИФА амблеми за македонските судии
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ истакна дека федерацијата го исполнува ветувањето максимално да инвестира во знаењето и едукацијата на судиите / Others
19 февруари 2026

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од Прва МФЛ, како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година.

Пред присутните се обрати и шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој испрати јасна и мотивирачка порака до македонските судии.

„Потребни ни се квалитетни судии од секаде, вклучително и од Македонија. Потребни ни се врвни судии, потребен ни е квалитет. Отфрлете ги негативните мисли и дајте го вашиот максимум. Со нетрпение очекуваме да видиме судии од овие простори во нашите најголеми натпреварувања, во Лигата на шампионите, на Европските првенства и насекаде на меѓународната сцена. Сè зависи од вас“, порача Росети.

Тој упати благодарност и до раководството на ФФМ за континуираната поддршка кон судиската организација, потенцирајќи дека без силна поддршка од националните асоцијации не може да постои квалитетно судење. Росети ја истакна и важноста на инвестициите во услови за работа, организација и технологија, вклучително и во унапредувањето на ВАР системот.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во своето обраќање истакна дека федерацијата го исполнува ветувањето дадено пред една година, максимално да инвестира во судењето, во знаењето и едукацијата на судиите.

„Судиите се најважниот дел од судиската организација. Вашето однесување и вашите одлуки можат да го направат првенството многу полесно. Ние како федерација го правиме нашето, инвестираме во вашата едукација и развој. Од вас бараме да учите, да слушате совети од поискусните, да судите чесно и со минимум грешки. Убеден сум дека можете уште подобро. И покрај тоа, морам да кажам дека сме задоволни од начинот на кој судите и се однесувате“, истакна Омерагиќ.

Семинарот беше фокусиран на напредна стручна анализа на ситуации од натпревари, унифицирање на критериумите, физичка подготвеност, како и употреба на современа технологија во судењето. Повеќе од 70 судии и асистенти судии активно учествуваа во работните сесии, со цел дополнително унапредување на квалитетот на судењето во Прва МФЛ и создавање кадар подготвен за највисоки предизвици.

Со доделувањето на ФИФА амблемите, македонските интернационални судии официјално го добија признанието за нивниот квалитет и одговорност да ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. ФФМ продолжува со силна поддршка и инвестиции во судиската структура, во насока на континуиран напредок, професионалност и присуство на македонски судии во елитните европски натпреварувања.

Повеќе
УЕФА отвори истрага за расистичкиот инцидент со Винисиус во Лисабон
Лига на шампиони: Галатасарај го декласираше Јувентус, Реал славеше во Лисабон
Кајри носеше маичка во чест на загинатите новинари во Газа на НБА Ол-стар
Менаџерот на Манчестер Сити со потпишани дресови го поддржа ампутираниот тим од Газа
Италијанската премиерка ги нарече антиолимписките демонстранти „непријатели на Италија“
Сиетл по вторпат во историјата го освои американскиот Супербоул
Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард
Свечено отворање на ЗОИ 2026, олимпискиот оган истовремено ќе се запали и во Милано и во Кортина
Ѓоковиќ против Алкараз во финалето на Австралија Опен
ПСЖ против Монако, Јувентус со Галатасарај во нокаут фазата од Лигата на шампионите
Лига на шампиони: ПСЖ, Реал, Атлетико и Јувентус не обезбедија директен пласман во осминафиналето
Познати полуфиналистите на Европското првенство во Ракомет
Седум навивачи на Паок загинале во сообраќајна несреќа во Романија
Кин: Не сум уверен дека Керик е вистинскиот менаџер за Манчестер Јунјатед
Илија Најдоски – Од Крушево преку Скопје и Белград до европскиот и светскиот фудбалски врв
Лига на шампиони: Арсенал го доби дербито со Интер, Спортинг подобар од ПСЖ
ФИС истражува скандал пред Зимската олимпијада
Македонските ракометари го завршија настапот на Европското првенство
Продолжува Лигата на шампионите: Дербито во Милано каде Интер го пречекува Арсенал
Сенегал победник на Африканскиот куп на нации