75 години подоцна: Враќањето на Арзије Нене во родната земја
РЕГИОН
3 мин читање
75 години подоцна: Враќањето на Арзије Нене во родната земјаНа 95-годишна возраст, таа се врати во својата земја, што ја напушти како млада девојка, а која никогаш не престана да ја носи во срцето.
Во разговор за ТРТ Балкан, баба Арзије со топлина зборува за својата љубов кон земјата и луѓето / TRT Balkan MK
12 октомври 2025

По седум и пол децении, баба Арзије Курт повторно го почувствува воздухот на своето детство. На 95-годишна возраст, таа се врати во својата земја, што ја напушти како млада девојка, а која никогаш не престана да ја носи во срцето.

Желбата да ја види родната куќа во село Водоврати, општина Градско, не ја спречи ниту возраста, ниту долгите години поминати далеку. Иако, куќата не постои повеќе, минатата година ја срушиле, таа заедно со своето семејство, сепак го посети местото каде што била. Арзије Нене пристигна од Туркије во Македонија, за да ја допре земјата од која потекнува, да ги погледне улиците, местата, да ги почувствува мирисите што ги памети од детството, кои сега не се како што ги памети.

Во разговор за ТРТ Балкан, баба Арзије со топлина зборува за својата љубов кон земјата и луѓето:
„Македонски сакам јас, јас македонски зборувам. Го милувам јазикот. Македонија многу ја сакам јас,“ вели таа, со глас што трепери меѓу носталгија и радост.

Не можеше да ја задржи емоцијата, па спонтано запеа и македонска песна –
„Дојди си, братко, дојди си, сестро… во Македонија да ме носиш, во Градско, во Велес…“
Песната како мост помеѓу минатото и сегашноста, меѓу младоста и староста, помеѓу корените и патот што животот ја натера да го помине.

Арзије Курт ја напушти земјава кога имала 20 години. Оттогаш живее во Туркије, но носталгијата за родниот крај никогаш не згаснала. По цели 75 години, повторно зачекори по земјата каде што го започнала животот, овојпат потпирајќи се на своето семејство и на сеќавањата што не избледеле.

„Сите се смеат, луѓето се добри. Луѓето во Македонија и во Водоврати се како браќа,“ раскажува Арзије со насмевка. „Јадењето беше вкусно, многу убаво јадење правеа. Сложни се како браќа, кавга нема. И мене ме сакаат многу, и јас ги сакам нив. Македонија е многу убава.“

Низ нејзините зборови се чувствува нешто повеќе од гостопримство: тоа е чувство на припадност. Иако поминале децении, за Арзије времето не ја избришало поврзаноста со земјата во која е родена.

Во текот на краткиот престој, таа со своите најблиски ги посети неколку македонски градови, но токму Водоврати остана симбол на нејзиното минато: селото каде што ја поминала младоста, а сега, во длабока старост, нејзината главна цел за посета била да ја виде или барем да го најде местото на родната куќа.

На крајот, со благодарност и љубов, баба Арзије рече:
„Македонија е една на светот.“

Нејзиното враќање е повеќе од патување, сметаат членовите на нејзиното семејство. Тие нагласуват дека тоа е всушност потсетник дека и колку далеку да не однесе животот, корените не се забораваат.


Повеќе
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
МАТТО организираше ифтарска програма во Скопје
Гаши: Сеќавањето на изгубените животи во Кочани е повик за поголема одговорност, правда и совест
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Милановиќ му порача на израескиот амбасадор: Ова е Загреб, не е Тел Авив
Османи: Администрацијата на Трамп најмногу го поддржува Косово од прогласувањето на независноста
Мицкоски: Нема недостиг, имаме убедливо најефтино гориво, утре средба со сопствениците на маркетите
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток
Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар
Хрватска: Од денеска почнува двомесечната задолжителна воена обука
Србија забрани извоз на нафта и горива
За една година граѓаните на Србија се задолжиле во банките за уште 2,8 милијарди евра
Пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани
Ѓорѓиевски: Камениот мост ќе заблеска во ново светло
Деветти протести во Сараево, младите бараат „држава во служба на граѓаните“
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви
Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП