На претстојниот прв состанок на Одборот за мир во Газа на покана на претседателот Трамп и американската администрација ќе учествува и Туркије која ќе биде претставувана од министерот за надворешни работи Хакан Фидан.
Информацијата ја потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот Ердоган на враќање од посетата на Етиопија, во обраќањето до медиумите, посочи и дека Европа не може да изгради кредибилна безбедносна рамка без Туркије, додавајќи дека се надева дека ова сега е сфатено.
Турскиот претседател, исто така, рече дека чекорите кон целосна интеграција на Сирија се внимателно следени и дека се дадени потребните насоки за спроведување на договорот.
„Им пренесовме на сите наши колеги дека Туркије е против воена интервенција во Иран“, истакна Ердоган.











