| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Заедничка декларација: Туркије и Катар се согласија да ги зајакнат односите
Министрите за надворешни работи на Туркије и Катар потпишаа декларација за време на посетата на турскиот претседател Ердоган на Доха по повод 50-годишнината од дипломатските односи.
Заедничка декларација: Туркије и Катар се согласија да ги зајакнат односите
Заедничка декларација: Туркије и Катар се согласија да ги зајакнат односите / Photo: AA / AA

Туркије и Катар се решени да ги зајакнат билатералните односи на различни полиња, се вели во заедничката декларација објавена за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Врз основа на нашите стратешки односи и билатерална соработка на политичко, дипломатско, економско и комерцијално поле и во согласност со директивите на мудрите лидери на двете земји, ние сме решени да продолжиме со нашите заеднички напори за координација на различни полиња за да обезбедиме континуитет на зајакнување на билатералните односи во корист на двете братски земји и народи“, се вели во заедничката декларација.

Министрите за надворешни работи на Туркије и Катар Хакан Фидан и шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Касим Ал Тани ја потпишаа декларацијата за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Катар, по повод одбележувањето на половина век од воспоставувањето на дипломатските односи.

„Со задоволство ја прославуваме 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Туркије и државата Катар во 2023 година“, се вели во соопштението. „Односите меѓу Туркије и Катар имаа квалитативна трансформација од (нивното) воспоставување во 1973 година до (тие) стигнаа до фаза на стратешко партнерство“.

„Сегашното стратешко партнерство меѓу Република Туркије и државата Катар е плодно на сите нивоа, а двете земји имаат слични пристапи за повеќето регионални и меѓународни прашања“, се додава.

„Економската и комерцијалната соработка меѓу двете земји е сведок на постојан раст во изминатите неколку години“, се додава во заедничката декларација.

ИЗВОР:TRT World
Повеќе
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници