| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Мицкоски: Договорот за повисоки плати во здравството ќе го испочитуваме
Претседателот на Владата посочи дека во наредниот период ќе има и структурни реформи во здравството за граѓаните да ја добијат здравствената услуга која им е потребна
Мицкоски: Договорот за повисоки плати во здравството ќе го испочитуваме
Да не заборавиме и дека повеќе од 1.000 нови вработувања ќе имаме во здравството, рече Мицкоски / Photo: Влада на РСМ / Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа дали Владата ќе го почитува договорот за повисоки плати во здравството посочи дека оваа Влада ги почитува сите договори дури и тие преземени од претходната Влада.

„Владата секако дека ги почитува договорите, па дури и оние коишто се преземени како обврска од претходната Влада, но тоа е што е, а камо ли па своите договори. Ние имаме договор со синдикатите, постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години и после оние првични 10% зголемување на паричната маса за исплата на плати, па во рамките на таа парична маса кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10% зголемена парична маса во октомври се случи, односно од ноември за октомври, истото тоа сега ќе се случи од април за март практично, тие 5% ќе се зголеми и така ќе се зголемува во следните 4 години. Рековме доколку буџетот дозволува просечно таа парична маса за исплата за плата на вработените во здравството ќе биде зголемена до 50%, нешто што претставува историски голем успех би рекол и ќе продолжиме понатаму да го подржуваме здравството“, објасни премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата посочи дека во наредниот период ќе има и структурни реформи во здравството за граѓаните да ја добијат здравствената услуга која им е потребна.

„Сега ќе следат и структурни реформи во овој процес и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга којашто им е потребна. Тука ве молам да не ги заборавиме и оние специјализанти коишто исто така рековме ќе бидат вработени, обезбедивме средства за истите и истите тие ќе бидат вработени, да не биде голгота како до сега, по принципот како до сега“, кажа премиерот и додаде:

„Да не заборавиме и дека повеќе од 1.000 нови вработувања ќе имаме во здравството, нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната само треба оние формални чекори да бидат завршени, така што навистина многу внимание ќе посветиме и посветуваме на здравството.“

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег