| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Истражување: Постои поврзаност помеѓу микробиомот на цревата и депресијата
Истражувачите откриле дека хемикалијата диетаноламин, состојка во некои детергенти, понекогаш го зазема местото на шеќерен алкохол во молекула направена од бактерии во цревата, предизвикувајќи имун одговор кој  ослободува воспалителни протеини
Истражување: Постои поврзаност помеѓу микробиомот на цревата и депресијата
Поранешните истражувања откриле дека одредена цревна бактерија е поврзана не само со цревни состојби како Кронова болест, туку и со автоимуни состојби како лупус / Photo: Getty Images / Getty Images

Тим научници од Соединетите Американски Држави открија „веројатна причинско-последична врска“ помеѓу бактеријата пронајдена во човечкото црево и почетокот на депресијата.

Истражувањето спроведено од тим од Универзитетот Харвард и Општата болница во Масачусетс укажува на „основните молекуларни механизми“ што ги поврзуваат цревната бактерија Morganella morganii и големото депресивно пореметување.

Објавено во списанието на Американското хемиско друштво, наодите го следат објавувањето на истражувањето во последниве години кое сугерираше само статистичка корелација помеѓу цревните бактерии и човечките фенотипови.

Истражувачите откриле дека хемикалијата диетаноламин, или ДЕА, состојка во некои детергенти, понекогаш го зазема местото на шеќерен алкохол во молекула направена од бактерии во цревата, за возврат предизвикувајќи имун одговор кој води до ослободување на воспалителни протеини - цитокини.

„Постои приказна која го поврзува цревниот микробиом со депресијата, а оваа студија оди чекор понатаму, кон вистинско разбирање на молекуларните механизми зад таа врска“, рече Џон Кларди од Харвард, кој посочи дека резултатите би можеле да помогнат да се објасни депресијата, или барем некои случаи на депресија класифицирани како автоинфламаторни или автоимуни болести и соодветно третирани.

Истражувачите вклучени во работата во минатото откриле дека одредена цревна бактерија е поврзана не само со цревни состојби како Кронова болест, туку и со автоимуни состојби како лупус.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години