РЕГИОН
2 мин читање
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
„Иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен“, истакна Гаши.
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава / Sobranie
27 септември 2025

Вчера во Собранието на Република Северна Македонија се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.

Како што соопштија од прес-службата на Собранието, на средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека„ иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите  државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.“

Во соопштението се наведува и дека претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува  интерес за прашањата кои ги засегаат.

„Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички  места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат“, информираат од собраниската прес-служба.

Со измените на Законот за празници, на 8 февруари 2007 година во македонското Собрание 28 септември е прогласен за Ден на Бошњаците во земјата.


Според последниот Попис на населението спроведен во 2021 година, во Република Северна Македонија живеат 16.042 Бошњаци, односно 0,87% од вкупното население.

Бошњачките невладини организации сметаат дека бројот на Бошњаците кои живеат во земјата е поголем од бројот на оние кои се попишале на Пописот на населението во 2021 година.

Повеќе
ТИКА обезбеди опрема за Уставниот суд на Северна Македонија
Почна изборната кампања за осмите локални избори од независноста
Кајмак: Омилениот кремаст намаз на Балканот
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Загрижува ненадејната срцева смрт кај млади луѓе
Од утре на сила новите измени на законот за безбедност во сообраќајот
Сиљановска Давкова во ОН: Сакаме интеграција во ЕУ, но без дополнителни услови и со достоинство
Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Кос: Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100 милиони евра без списокот на реформи
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
Тошковски: Хибриден напад е факт, институциите работат на случајот
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Сиљановска- Давкова: Ако сакаме мир време е да го довериме кормилото на ОН на жена
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство