РЕГИОН
2 мин читање
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
„Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер на Народна банка ќе го потпишам писмото на намери и со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат од наредната година овој систем да биде целосно оперативен“, истакна Славески.
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
Гувернерот Славески на 15 октомври во Вашингтон ќе го потпише писмото на намери со кое земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање
24 септември 2025

Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Северна Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан.

„Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер на Народна банка ќе го потпишам писмото на намери и со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат од наредната година овој систем да биде целосно оперативен“, истакна Славески.

Тој нагласи дека ова е уште еден чекор до интеграција во системите за плаќање од Европската Унија што ќе биде од полза и за македонските граѓани и за македонските претпријатија.

„Станува збор за систем за инстант плаќање, за систем во реално време што се извршува за неколку секунди, каде што процесот на порамнување не завршува во 14 или 15 часот туку работи 24/7. Тоа е систем на Европската цнетрална банка. ЕЦБ ја има овластено Банката на Италија да изработи клон и тој клон да го понуди на системот ТИПС на земјите на Западен Балкан. Србија има сопствен систем во рамки на Централната банка и е надвор од тој процес. Во јануари, четири од останатите пет земји од Западен Балкан го имаат потпишано писмото на намери. Наша делегација била присутна во Рим но не знам кои причини не била дадена согласност. Јас уште со самото стапување на функцијата разбрав што се предностите на овој систем, ги направивме консултациите и ја известивме Банката на Италија дека ние сме целосно подготвени да влеземе во тој процес“, појасни Славески.

Гувернерот на Народна банка посочи дека за деталите во кој степен ова што го имаме ние како земји кои се уште се надвор од Европската Унија за разлика од земјите од ЕУ, не би можел да говори, но, истакна дека ова е значаен чекор.

„Ние ќе се трудиме навремено да бидеме оперативни заедно со сите останати земји од Западен Балкан“, подвлече Славески.

На 1 јули 2025 земјава официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Ова членство треба да го олесни испраќањето и примањето пари од странство, да ги намали трошоците за трансакции и да ја подобри брзината и сигурноста на плаќањата во евра.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ТИКА обезбеди опрема за Уставниот суд на Северна Македонија
Почна изборната кампања за осмите локални избори од независноста
Кајмак: Омилениот кремаст намаз на Балканот
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Загрижува ненадејната срцева смрт кај млади луѓе
Од утре на сила новите измени на законот за безбедност во сообраќајот
Сиљановска Давкова во ОН: Сакаме интеграција во ЕУ, но без дополнителни услови и со достоинство
Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Кос: Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100 милиони евра без списокот на реформи
Тошковски: Хибриден напад е факт, институциите работат на случајот
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Сиљановска- Давкова: Ако сакаме мир време е да го довериме кормилото на ОН на жена
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство