РЕГИОН
4 мин читање
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство
Економската стабилизација на земјата е најголем приоритет на Владата, којашто е ориентирана кон бизнисот и сака да ги поддржува деловните можностите и да донесе што е можно повеќе странски и директни инвестиции и да ги подржи домашните инвестиции
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство
Трговијата меѓу нашите пазари достигна вкупно 495 милиони американски долари во текот на изминатите пет години, рече Мохамед Али Рашед Лута / AA
22 септември 2025

Растечката соработка меѓу Дубаи и Северна Македонија ја одразува нашата заедничка амбиција да изградиме отпорни економии и да поттикнеме одржлив развој, изјави Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи на работната средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Премиерот информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно да донесат што е можно повеќе странски, директни инвестиции и да ги подржи домашните директни инвеститори.

„Во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на нашиот домашен производ од над 3%. Оваа Влада беше избрана пред околу 15 месеци и од самиот почеток нашиот најголем приоритет е економската стабилизација на земјата. Влада којашто е ориентирана кон бизнисот, којашто сака да ги поддржува деловните и бизнис можностите. Да донесе што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори. Резултатот на таквите активности е значителен раст на инвестициите во текот на изминатата втора половина од минатата година и првата половина од оваа година споредено со истиот период во претходните години“, рече премиерот.

Раст на БДП

Според него, во третиот квартал во 2024 има 3% раст на БДП, во четвртиот 2024 и првиот квартал од 2025 3,2%, а во вториот квартал 3,4% вистински раст на БДП.

„Имаме номинален раст од 7,8% што е нешто многу важно за сите нас бидејќи на самиот почеток кога го обликувавме нашиот буџет за оваа фискална година, некои од меѓународните финансиски институции беа мошне загрижени дека нема да можеме да дојдеме до 7,5% на номиналниот БДП. Но дојдовме и над 7,5%, а тоа за нас е многу важно. Го забрзуваме градежништвото, туризмот, земјоделството, а особено внимание посветуваме на извозот на земјоделски производи коишто се произведени од нашите земјоделци и сметам дека до сега добро ни оди. Ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис клима. Веќе нема политичари коишто вршат притисок врз бизнисите. Тоа беше мојот прв чекор, да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ако го анализираме европскиот пазар тогаш може да заклучиме дека имаме неверојатно достигнување, затоа што европскиот пазар се соочува со огромни предизвици, особено кога станува збор за автомобилската индустрија.

„Сметам дека за сега ние нудиме добри решенија и сметам дека вашата идеја да се најде друг прозорец за можности особено на африканскиот пазар кога станува збор за резервни делови за автомобили е навистина добра идеја“, рече премиерот.

Во однос на туризмот Мицкоски истакна дека во изминатите 7 месеци имаме раст од 15% кога станува збор за посетителите и 10% кога станува збор за преноќувањата.

„Би сакале да дојдеме до 1,5 милиони туристи во текот на целата година и зголемен број на преноќувања во текот на целата година. Нема да бидам изненаден ако дојдеме и до 4% зголемување на БДП кон крајот на третиот квартал на оваа година. Консолидацијата на буџетот е веќе при крај. Сметам дека буџетскиот дефицит ќе биде помал од 4%, капиталните трошоци се на добро ниво“, рече Мицкоски.

Поттикнување на одржлив развој

Премиерот посочи дека Владата е насочена кон изградба на автопатишта, брзи патишта, училишта и други проекти значајни за граѓаните.

„Стапката за инфлација во Јули беше околу 4% на годишно ниво, на месечно ниво имаме 0,2%. Очекуваме до крајот да имаме просечна инфлациска стапка од околу 4 или помалку од 4%. Ќе продолжиме да работиме на консолидирање на инфлациската стапка до 3% што ќе биде наша цел на краток рок. Затоа сметам дека овие показатели можат да бидат добра препорака“, заклучи Мицксоки.

Мохамед Али Рашед Лута истакна дека растечката соработка меѓу Дубаи и Северна Македонија ја одразува заедничката амбиција за изградба на отпорни економии и поттикнување на одржлив развој.

„Трговијата меѓу нашите пазари достигна вкупно 495 милиони американски долари во текот на изминатите пет години, нагласувајќи го долгорочниот тренд на позитивен ангажман и растечки можности. Овој моментум се одразува и во растечкото присуство на македонските компании во Дубаи во различни сектори. Стопанската комора на Дубаи останува посветена на зајакнување на врските меѓу нашите деловни заедници и промовирање на инвестициски текови што ги унапредуваат нашите заеднички приоритети. Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство и сме решени да осигуриме дека ќе донесе опипливи резултати преку проширена трговија и подлабока соработка за обликување на долгорочен просперитет на двата пазара“, рече Лута/

Повеќе
ТИКА обезбеди опрема за Уставниот суд на Северна Македонија
Почна изборната кампања за осмите локални избори од независноста
Кајмак: Омилениот кремаст намаз на Балканот
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Загрижува ненадејната срцева смрт кај млади луѓе
Од утре на сила новите измени на законот за безбедност во сообраќајот
Сиљановска Давкова во ОН: Сакаме интеграција во ЕУ, но без дополнителни услови и со достоинство
Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Кос: Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100 милиони евра без списокот на реформи
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
Тошковски: Хибриден напад е факт, институциите работат на случајот
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Сиљановска- Давкова: Ако сакаме мир време е да го довериме кормилото на ОН на жена