ПОЛИТИКА
1 мин читање
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303, а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје / AA
23 септември 2025

Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303,  а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК. 

За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од општинските изборни комисии. Од нив вкупно осум листи за градоначалник се во процес на отстранување на неправилностите, а 20 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје.

Од доставените листи, отфрлени се вкупно пет листи за градоначалник на општина и тоа по една листа за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

„По завршување на процесот на потврдување на кандидатските листи, следува ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати која ќе се одржи на 25 септември 2025 година“, најавува Државната изборна комисија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Воената коалиција предводена од САД ќе го намали присуството во Ирак
Путин: Русија води праведна битка, се бори и победува
На Вашингтон му се заканува блокада на Владата, рокот за договор истекува на полноќ
Хуманитарната флотила за Газа се приближува до израелската зона со висок ризик
Дневни блиц вести 30.09.2025
Тони Блер сака да биде дел од привремената управа на Газа по војната
YouTube ќе му плати оштета од 24.5 милиони долари на Трамп за блокираниот профил
Кремљ го обвини Кишињев: Стотици илјади Молдавци беа спречени да гласаат во Русија
ЕЕА: Европа постигна многу, но не доволно за да ја заштити животната средина
Зеленски: Украина мора да се приклучи на ЕУ и ќе го стори тоа
ЕУ повторно воведува санкции врз Иран „без одложување“
Што нè учи Кипар за кризата со кредибилитетот на ОН
Нападот „тигар од хартија“ на Трамп врз Русија- само реторика или вистинска стратегија?
Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк на маргините на ОН
Обвинение против екс директорот на ФБИ кој беше разрешен од Доналд Трамп по „руското мешање“
Идрис: ОН да ги прогласи силите на РСФ како терористичка милиција