| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Во Тирана потпишана заедничка декларација за Коридорот VIII
„Повторуваме дека Коридорот VIII е од стратешко политичко, економско и безбедносно значење, придонесувајќи за европската кохезија, регионалната соработка и постепената интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.“
Во Тирана потпишана заедничка декларација за Коридорот VIII
Потпишана заедничка декларација за Коридорот VIII / Other
пред 15 часа

Шефовите на делегациите што учествуваа на министерскиот состанок за Коридор VIII во Тирана вчера потпишаа заедничка декларација, нагласувајќи ја својата посветеност за тесна соработка и добрососедски односи.

Во декларацијата Коридорот VIII се смета за стратешка оска Исток-Запад што го поврзува Јадранското со Црното Море и како суштинска компонента на мрежата TEN-T, што придонесува за стабилност, просперитет и безбедност во Југоисточна Европа.

„Повторуваме дека Коридорот VIII е од стратешко политичко, економско и безбедносно значење, придонесувајќи за европската кохезија, регионалната соработка и постепената интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Нагласуваме дека координираната и навремена имплементација на Коридорот VIII ги решава долгогодишните празнини во поврзувањето во Југоисточна Европа, а воедно го зголемува кредибилитетот, видливоста и  влијание на зголемената посветеност на ЕУ за целосна интеграција на регионот во заедничкиот европски простор на безбедност, стабилност и просперитет, стои меѓу другото во документот.

Се нагласува дека овој стратешки инфраструктурен проект претставува клучна рамка за градење политичка доверба, зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на контактите меѓу луѓето, особено кај младите.

„Остро ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина и ги поддржуваме меѓународните политички и дипломатски напори за постигнување договор со кој ќе се стави крај на конфликтот, отворајќи го патот за траен и одржлив мир и иднина на просперитет за Украина и нејзиниот народ“, се додава понатаму.

Се оценува дека Коридорот VIII е со политичко, економско и безбедносно значење, придонесувајќи за европската кохезија, регионалната соработка и постепената интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, се нагласува важноста на регионалната економска интеграција како клучен двигател за одржлив раст, конкурентност и економска конвергенција, како и тоа дека Западниот Балкан и регионот на Црното Море претставуваат важни пазари и транзитни зони за европската и меѓународната трговија.

Исто така се потврдува силната посветеност на Коридорот VIII како приоритет за зголемување на воената мобилност, отпорност и поврзаност, во рамките на зајакнатата соработка помеѓу ЕУ и НАТО, директно придонесувајќи за безбедноста на југоисточните и источните крила на Алијансата, како во мирно време, така и во време на криза и конфликт.

„Ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на трансформирање на Коридорот VIII во стратешка артерија на европска поврзаност, економски развој и просперитет, одржувајќи го како приоритет на политичката агенда и на национално и на европско ниво, како доказ за споделена одговорност, долгорочна посветеност и споделена стратешка визија за регионот. Се обврзуваме да ги интензивираме заедничките напори за мобилизирање на финансиски средства од инструментите на ЕУ, вклучувајќи го Инструментот за поврзување на Европа (CEF), IPA III и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), како и од меѓународни финансиски институции и јавно-приватни партнерства“, стои во делот за имплементација и следни чекори.

Изразуваат согласност да го консолидираат овој петпартитен формат како структурирана политичка платформа на високо ниво за дијалог и соработка и да продолжат со редовните политички и технички консултации за брзо унапредување на Коридорот VIII како целосно функционална, одржлива и интегрирана оска на европска поврзаност и безбедност.

Министерскиот состанок „Коридорот VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“, учествуваа делегации на Италија, Северна Македонија, Романија, Бугарија и домаќинот Албанија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Бугарската претседателка Јотова закажа Вонредни парламентарни избори за 19 април
Вучиќ би прифатил Србија да биде членка на ЕУ без право на вето
Муцунски: Ја препознаваме вредноста на Коридорот 8 за НАТО и воената мобилност
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Парламент на Црна Гора ги усвои измените на Законот за гарантирање на неработна недела
Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК до решение за барањата на македонските превозници
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
Мицкоски во Минхен: Продолжуваме со убави вести за македонските граѓани
Најголемата џамија во Северна Македонија, изградена со поддршка од Туркије, подготвена за Рамазан
Мицкоски по средбата со Кошта: Без билатерални условувања за членство во ЕУ
Србија загрижена по одбранбениот состанок на Косово, Албанија и Хрватска во Минхен
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
Трамвај излета од шините во Сараево: Едно лице загина, повеќемина се повредени
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања