| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања
„Постојано работиме и јас очекувам повторно двоцифрен број на раст кај странските туристи и, генерално, очекувам и во 2026 година да имаме раст на бројот на туристи“, изјави премиерот Мицкоски.
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања / TRT Balkan
пред 17 часа

Туризмот е еден од приоритетите на Владата и мерките и активностите што се преземаат во таа насока резултираат со зголемување на бројот на туристи и бројот на ноќевања, смета премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека активно се работи на создавање услови за натамошно зголемување на овие бројки и во наредните години и бројот на ноќевања да се зголеми до пет милиони годишно. 

„Туризмот е еден од нашите приоритети. Минатата 2025 година, според бројките што ги објави Државниот завод за статистика, имаме зголемен број на туристи некаде над шест проценти. Но, она што особено охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи за над десет проценти. Тоа е двоцифрена бројка. Се ближиме на бројката од три и пол милиони преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок“, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, општина Карпош.

Оваа година, додаде Мицкоски, повторно има организирани групи и повторно како Влада се поактивни.

„Постојано работиме и јас очекувам повторно двоцифрен број на раст кај странските туристи и, генерално, очекувам и во 2026 година да имаме раст на бројот на туристи во Македонија. Работиме паралелно и во насока на поддршка на изградба, на и надградба и реновирање на постојните туристички и угостителски капацитети. Нашата цел е да дојдеме, ако е возможно тоа, до пет милиона преноќувања во Македонија, што ќе претставува историски рекорд и сега работиме во таа насока. Оваа година очекуваме чекор по чекор да дојдеме до три и пол милиони, а потоа и понатаму, па ако биде сè како што треба, не би се изненадил тоа да биде во 2028, 2029 година“, истакна македонскиот премиер.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Албанија, Косово и Хрватска одржаа состанок за одбранбената соработка
Македонските и Турските железници ја продлабочуваат соработката со нов договор
Рама: Судбината на одржаните протести ќе биде запишана на изборите следната година
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
ССМ на протест пред Собранието
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
Која земја од регионот има најмногу граѓани со сопствен дом?
Хаг: Обвинителството бара по 45 години затвор за Хашим Тачи и другите поранешни лидери на ОВК
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Сараево одбележува трета годишнина од катастрофалниот земјотрес во Туркије и Сирија
Виктор Мазнев – Херојот од Велес кој спасил илјадници бездомни животни
Три години од „катастрофата на векот“: Балканот се солидаризираше со Туркије
Хрватска воведува задолжително учење јазик за странски работници
Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија
Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ОАЕ: Забрзување на проектите од взаемен интерес
Италијанските обвинители повикаа на распит осомничен дека учествувал во „Сараево Сафари“
Обвинителството оформи предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
Средба Сали-Купман во Брисел