| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Нетфликс се откажа од „војната“ со наддавање за Ворнер Брос, победи Парамаунт на Елисон
Милијардерите блиски до претседателот Трамп и републиканците, лобираа компанијата која ги поседува моќните филмски студија, најгледаните кабелски и телевизиски канали и има развиен стриминг сервис, да не падне во рацете на „либералниот“ Нетфликс
Нетфликс се откажа од „војната“ со наддавање за Ворнер Брос, победи Парамаунт на Елисон
Нетфликс се откажа од „војната“ со наддавање за Ворнер Брос, победи Парамаунт на Елисон / AP
пред 16 часа

„Нетфликс“ соопшти дека нема да ја зголеми понудата за наддавање за мултимедијалниот гигант „Ворнер Брос. Дискавери“ (WBD) откако одборот на стриминг сервисот утврди дека ревидираната понуда од „Парамаунт Скајденс“ не може да се надмине без договорот за нив да стане финансиски неисплатлив.

Со ова конечно завршува повеќемесечната „војна“ со наддавање која покрај финансиски и медиумски импликации има и политичка позадина.

Милијардерите блиски до претседателот Доналд Трамп, но и воопшто републиканците, силно лобираа за компанијата која ги поседува моќните филмски студија, најгледаните кабелски и телевизиски канали и има развиен стриминг сервис, да не падне во рацете на „либералниот и воук“ Нетфликс.

Извршните директори на Нетфликс Тед Сарандос и Грег Питерс соопштија дека одбиле да ја изедначат најновата понуда на „Парамаунт Скајденс“ од 31 долар по акција или да ја надминат вкупната понуда која изнесува околу 111 милијарди долари.

„Секогаш сме биле дисциплинирани, а со цената која е потребна за да се изедначи најновата понуда на Парамаунт Скајденс договорот повеќе не е финансиски привлечен“, рекоа од раководството на Нетфликс.

Нетфликс претходно во декември се согласи да ги купи филмските и телевизиските студија на Ворнер, заедно со стриминг платформата Ејч-Би-О Макс, но без кабелските и телевизиските канали, за 27,75 долари по акција, или околу 72 милијарди долари.

Парамаунт Скајденс подоцна поднесе конкурентска понуда за целата компанија, вклучувајќи ги и нејзините кабелски телевизиски мрежи. Нивниот ревидиран предлог вклучува надомест за обратно раскинување од 7 милијарди долари доколку договорот не се склучи доколку регулаторните тела не издадат дозвола, и вклучува надомест од 2,8 милијарди долари за раскинување на првичниот договор со Нетфликс кој беше одобрен од акционерите.

Главниот извршен директор на Ворнер, Дејвид Заслав, изјави дека откако одборот ќе гласа за усвојување на договорот за спојување со Парамаунт, тоа ќе создаде „огромна вредност“ за акционерите.

Во исчекување на регулаторно одобрување, договорот би ги споил средствата на Парамаунт со Ворнер, Ејч-Би-О и кабелските мрежи, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен и Ти-ен-Ти, што означува значајна промена во американскиот медиумски и забавен пејзаж.

Како лобираа двете страни?

Извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос, ја посети Белата куќа претходно за состаноци поврзани со процесот на преземање и можните услови за одобрување на договорот од регулаторните тела, но не успеа да се сретне со претседателот Трамп туку со неговите помошници.

Посетата следеше по неодамнешните коментари од Трамп, кој јавно го повика Нетфликс да ја отстрани поранешната советничка за национална безбедност Сузан Рајс од својот одбор на директори или „да ги плати последиците“.

Сепак, лобирањето од страна на семејството Елисон се покажа многу поуспешно, со оглед на пријателството меѓу Лери Елисон милијардерот сопственик на технолошкиот гигант „Оракл“, кој има мнозински удели во Парамаунт преку неговиот син Дејвид Елисон.

Трамп долго време го критикува Холивуд за партизација на филмските и телевизиските содржини и дека е потребна промена на културата која ќе ги одрази и светогледите на конзервативците, наместо само на либералите во децениската „културна војна“ која ја водат двете спротивставени политички идеологии.

Повеќе
Нетфликс се откажа од „војната“ со наддавање за Ворнер Брос, победи Парамаунт на Елисон
ММФ одобри заем од 8,1 милијарда долари за Украина
Автобусите, возовите и метрото запреа во Германија поради 48-часовниот штрајк
Венс: Не постојат шанси САД да влезат во долготрајна војна на Блискиот Исток
Авганистан го прекина одмаздничкиот напад врз Пакистан по загинати војници
Хилари Клинтон пред конгресниот одбор сведочеше дека не знаела ништо за активностите на Епштајн
Заврши третата рунда преговори меѓу САД и Иран, четвртата закажана за следната недела во Виена
Болат: БДП на Туркије ќе достигне 1,6 билиони долари оваа година
Северна Македонија и Хрватска ја зајакнуваат билатералната соработка и европската перспектива
Политико: Израел прво ќе го нападне Иран за да се обезбеди поддршка од јавноста во САД
Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ
Руската Дума одобри забрана на екстрадиција на странски државјани кои служат во нејзината војска
Убиени двајца Палестинци, четворица ранети во израелски напад со дрон во парк во градот Газа
Извршниот директор на Светскиот економски форум поднесе оставка поради врски со фајловите на Епстин
Индија и Израел ја зајакнуваат соработката, воспоставуваат партнерство во критични и нови технологии