| macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Од утре до 26 септември во Битола се одржува фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“
Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. „Браќа Манаки“ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во светот.
Од утре до 26 септември во Битола се одржува фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“
Од утре до 26 септември во Битола се одржува фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“
19 септември 2025

По 46- ти пат „Браќа Манаки“ ќе ја отвори својата врата за светлината на камерата. Овој фестивал е повеќе од традиција, тој е жив организам, пулс на едно општество што сака да биде витално, храбро и отворено за промена, најавија организаторите на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. „Браќа Манаки“ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во светот. Ќе пречекаме великани, оскаровци, врвни автори како Дариус Конџи, Воли Фистер, Семих Капланоглу, нашите лауреати. Тие ќе одржат мастеркласови, ќе престојуваат во Битола и ќе се дружат со нас за време на фестивалот“, рече денеска на прес конференцијата во Битола, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Тој информираше дека во главната програма нѐ очекуваат филмови што доаѓаат од храмовите на светскиот филм Кан, Венеција, Берлин- и кои носат со себе свежина во визуелниот јазик, естетска извонредност и авторска совест што зборува за времето во кое живееме.

„Оваа година имаме огромна бројка на акредитирани гости кои ќе присуствуваат во Битола за време на целиот фестивал. Исклучителен избор на филмови од официјалните програми. Имаме филмски ремек- дела кои се дел од специјалните проекции. Исклучителни гости кои ќе бидат дел од работилниците,, предавањата и панелите на кои ќе говорат докажани и еминентни автори“, рече Доксевски.

Организаторите најавија и дека фестивалот ја враќа и програмата Макпоинт, истакнувајќи дека македонската продукција заслужува да биде гледана и препознаена.

„Макпоинт програмата има одлични македонски филмови кои публиката ќе може да ги гледа под отворено небо на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на целата логистика и помош од Битола. На директорите на Центарот за култура-Битола, Кино Манаки, Офицерскиот дом и сите вработени. Со овие институции договоривме за време на фестивалот за сите проекции на филмовте студентите да имаат 50 % попуст, со цел младите да можат да проследат што повеќе филмови за време на фестивалот. Да сонуваме филмски наредниве седум дена и да уживаме во еден од најубавите фестивали, нашиот Браќа Манаки“, рече Доксевски.

Турскиот филмски режисер Семих Капланоглу лауреат на Специјалната камера 300

На 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е турскиот филмски режисер, Семих Капланоглу.

„Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет. Дебитираше во 2001 година со „Далеку од дома“, за кој ја добива наградата за најдобар режисер на Сингапурскиот филмски фестивал. Во 2005 година, неговиот втор игран филм „Падот на ангелот“,  имаше светска премиера на Берлинале Форум и доби награда за најдобар филм во Нант, а неговиот трет игран филм „Јајце“, кој премиерно беше прикажан во 2007 година на Канскиот филмски фестивал доби 30 награди. Овој филм беше првиот дел од „Трилогијата Јусуф“ што го направи Семих Капланоглу светски познат како режисер. Во 2008 година, филмот „Млеко“ премиерно беше прикажан во официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, а потоа и на низа други фестивали ширум светот и му донесе повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и наградата на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Истанбул за „Мед“, третиот дел од „Трилогијата Јусуф“, добива „Златна мечка“ на 60, издание на фестивалот во Берлин“, истакна директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски на 23 јули во Скопје, во текот на прес-конференцијата за најава на фестивалот.

Повеќе
Спортски парк отворен на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје
МНР на Црна Гора, Ибрахимовиќ: Визите за турските граѓани ќе бидат укинати за десет до 15 дена
Албанија го отвори последниот кластер од преговорите со ЕУ
Гаши ги распиша повторните избори за Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа
Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
Над 11 милиони туристи ја посетиле Албанија во 2025 година
Падна спортски авион кај Суботица, едно лице загина
Вучиќ по средбата со Макрон: Белград конечно добива метро
Секој единаесетти македонски граѓанин живее со дијабетес
Зошто не рециклираме?
Мелони: Многумина се обидуваат да го забават мигрантскиот модел со Албанија, но тој се движи напред
Хрватска испрати сочувство за загинатиот пилот на турски противпожарен авион
Турскиот министер Јумакли: Турски противпожарен авион се урна во Хрватска, загина пилотот
Бугарија верува дека принципот на консензус во надворешната политика на ЕУ мора да остане на сила
Данецот Питер Дуе нов шеф на УНМИК
Вучиќ: Мора да продолжиме да вложуваме во армијата, работите отидоа предалеку
Италија покрена истрага за „викенд снајперистите“ кои пукаа врз Сараево во текот на опсадата
Руските сопственици подготвени да ја отстапат контролата на НИС на трета страна
Грција ќе ги обнови преговорите со Израел за купување напредни ПВО системи
Нова генерација питомци и офицери положија заклетва на Воената академија