| Macedonian
Антропик го претстави новиот модел на вештачка интелигенција Клауд Опус 5
Антропик наведува дека Опус 5 подобро извршува задачи како што се автоматизација на процеси, анализа на податоци и употреба на компјутери, а во некои тестови постигнува подобри резултати од конкурентските модели по пониски трошоци
Антропик го претстави новиот модел на вештачка интелигенција Клауд Опус 5
Една од главните новини е способноста на моделот самостојно да ја проверува својата работа и да ги исправи грешките
 

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција Антропик претстави нова генерација на својот најнапреден модел на вештачка интелигенција Клауд Опус 5 (Claude Opus 5), велејќи дека тој носи значителен напредок во програмирањето, деловните задачи и научните истражувања, по иста цена како и претходната верзија.

Според Антропик, Опус 5 во моментов е најдобриот модел на пазарот кога станува збор за програмирање и деловни задачи.

Антропик исто така наведува дека Опус 5 подобро извршува задачи како што се автоматизација на процеси, анализа на податоци и употреба на компјутери, а во некои тестови постигнува подобри резултати од конкурентските модели по пониски трошоци.

Компанијата, исто така, ги истакнува подобрувањата во научните области, особено во биологијата, органската хемија и биоинформатиката.

Моделот покажал подобри резултати во задачи како што се анализа на молекуларни структури и предвидување на влијанието на промените во протеинските секвенци.

Една од главните новини е способноста на моделот самостојно да ја проверува својата работа и да ги исправи грешките.

Антропик наведува примери каде што Опус 5 изградил алатка за самостојно анализирање на технички цртежи, пронашол сложени грешки во софтверскиот код или развил систем за тестирање на финансиски податоци кога немал директен пристап до оригиналниот извор.

Кога станува збор за чувствителни области како што е сајбер безбедноста, компанијата нагласува дека Oпус 5 намерно не е обучен за напредни задачи во оваа област.

Опус 5, благодарение на општиот напредок, стана речиси исто толку добар како моделот Митос 5 во пронаоѓањето безбедносни ранливости во софтверот, но заостанува зад него во искористувањето на тие ранливости за вистински напади, соопшти Антропик на својата веб-страница.

Клауд Опус 5 е достапен по иста цена како и претходниот модел, пет долари за еден милион влезни токени и 25 долари за еден милион излезни токени.

Антропик го позиционира како модел за секојдневна професионална употреба, со цел да им обезбеди на компаниите помоќни алатки за вештачка интелигенција без соодветно зголемување на трошоците.

Повеќе
Имплементацијата е ветувањето од КОП31- финансиите ќе одлучат дали ќе се исполни
ГТА 6 објави нов музички албум за играта со 24 нови песни
ГТА 6 лансирана со рекордни оценки и заработка од над 1.6 милијарди долари
Антропик го урна рекордот на Спејс Х, вредноста на јавната понуда достигна 81,3 милијарди долари
Кибернапад врз Европската комисија
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн
Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава
Извештај: Модел на вештачка интелигенција открива критична безбедносна ранливост во Јава
Google тврди дека нема никакви проблеми со Gmail и покрај илјадници пријави
ФБИ: Сајбер-нападите што ги погодија брендовите се автоматизирани со ВИ алатки
Масовен сајбер-напад врз 178 глобални брендови, загрозени лични податоци
Сингапурската компанија Мегаспид под истрага за извоз на чипови од Нвидиа, потврдија САД
Неуспешен лет на ракетата Вулкан, уништени 40 сателити на Амазон
Илон Маск со уште 165.000 потписници на петиција бара враќање на Хуанг на чело на Нвидиа
САД и 9 партнери потпишаа договор за обезбедување на синџирите на снабдување со ВИ
Студија: Одгатнувањето може да го забави когнитивниот пад
КOП31 во Анталија: Колку подалеку од 1,5°Ц ќе оди светот?
Кина ги предупреди САД против понатамошни ограничувања за извоз на чипови поради скандалот со Нвидиа