| Macedonian
Балкански и европски компании имаат потреба од ИТ експерти
Повеќето компании во Европската унија и на Балканот, особено големите компании, имаат потешкотии да најдат експерти за ИТ и комуникациска технологија за да го пополнат недостигот од персонал.
Балкански и европски компании имаат потреба од ИТ експерти
Повеќето компании во Европската унија и на Балканот, особено големите компании, имаат потешкотии да најдат експерти за ИТ и комуникациска технологија за да го пополнат недостигот од персонал. Photo: ТРТ Балкан / ТРТ Балкан МК

Речиси две третини од компаниите во Европската унија (ЕУ) кои бараат експерти за ИТ и комуникациска технологија имаат потешкотии да најдат соодветен кадар.

Според европската канцеларија за статистика - Евростат, 9,5% од компаниите во ЕУ пријавиле дека во текот на 2021 година регрутирале или се обидувале да регрутираат специјалисти за ИТ и комуникации, додека 62,8% од нив имале потешкотии да ги пополнат слободните работни места.

Помеѓу земјите-членки на ЕУ, во Словенија (78%), Чешка (77%) и Германија (76,6%), повеќе од три четвртини од претпријатијата кои регрутирале или се обиделе да регрутираат специјалисти за ИТ и комуникации имале потешкотии да ги пополнат слободните работни места.

По нив следуваат Луксембург (70,9%) и Холандија (70,4%), со значителен дел од бизнисите кои се соочуваат со истите тешкотии.

Тешкотиите со кои се соочуваат компаниите при обидот да регрутираат специјалисти за ИТ и комуникациска технологија беа недостатокот на апликации, недостатокот на соодветни квалификации и искуство и високите очекувања за плата.

ИТ експерти е тешко да се најдат и на Балканот

Иако со нешто понизок просек од ЕУ, и компаниите во балканските земји се соочуваат со потешкотии при ангажирање експерти за ИТ и комуникации.

Според Евростат, 67,8% од компаниите во Албанија имале потешкотии при регрутирање на кадар во оваа професија.

По Албанија доаѓаат Босна и Херцеговина (64,5%), Северна Македонија (58,2%), Србија (53,9%) и Црна Гора (41,6%) со најголем процент на компании кои се борат да најдат вработени во ИТ и комуникациската технологија. Евростат нема податоци за Косово.

Информациската и комуникациската технологија стана составен дел од работењето на бизнисите.

Повеќето компании имаат за цел да ја прилагодат работата на новата дигитална ера и да користат нови технологии за одржување и управување со податоците, но и да го максимизираат ширењето и зајакнувањето на брендот.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег