| Macedonian
Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачки
„Клучни причини за оваа доминација според анкетираните е-трговци се: недовербата во онлајн продавниците, стравот дека нарачаните производи нема да бидат доставени, како и чувство на сигурност при плаќање со готовина“, велат од АЕТМ.
Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачки
Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачки / Photo: TRT Balkan MK / TRT Balkan MK

Постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата покажуваат новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година објавени од Народната банка на Република Северна Македонија.

„Во трите квартали од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Вкупните трансакции со картички во земјата и во странство издадени од домашните и странски даватели на платежните услуги, пораснале за 11.3 отсто по број и за 13.6 посто по вредност. Вредноста на трансакциите на места на продажба за е-трговија изнесуваат 522.5 милиони евра и преставува 9.1 отсто од вкупните трансакции и преставува раст од 7.5 посто во однос на истиот период минатата година. При тоа овој пораст се должи во главно на растот на вредноста на трансакциите направени во странство од домашни иматели на платежни картички кој изнесува 39.7 отсто. Вредноста на направените трансакции кон домашни е-трговци забележува пад од 6.7 посто“, се наведува во соопштението од Асоцијацијата за е-трговија.

Оттаму посочуваат дека доколку се има предвид дека готовината при достава (Cash on Delivery - CoD) доминира како најчест начин на плаќање во е-трговијата, и тоа според последните податоци на Findex (2021) 47 отсто од македонските онлајн купувачи се потпираат на плаќање во готово, а кај домашните е-трговци постои опцијата за готовина при доставата, што не е случај кај странските е-трговци, може да се каже дека се уште готовината доминира при онлајн плаќањето.

Асоцијацијата за е-трговија, во своето шесто издание направи анализа на е трговијата во земјите од Западен Балкан („Преглед на е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година“, поддржано од НЛБ групацијата) каде што во делот за плаќањето, како една од алките на синџирот на е-трговијата, се согледува дека е слична состојбата и во другите балкански земји во Косово 85 отсто, Албанија 75 посто и Србија 71 отсто.

„За споредба, во земји како Австрија и Данска готовината речиси и да не се користи. Македонците, како и балканските купувачи се уште преферираат плаќање со готовина, додека дигиталните плаќања, кои се норма во ЕУ, сè уште се ограничени. Дури 59 отсто од Македонците имаат платежни картички, а 43 посто од нив ги користат. Уште полоша е состојбата во Албанија, каде што само 8 отсто од популацијата ги користи платежните картички, како и во Косово (21 посто) и Босна и Херцеговина (23 отсто). Во Србија состојбата е најдобра со 62 отсто иматели на платежни картички и 47 посто нивно користење. Исто така, користењето на мобилните телефони за плаќање е на ниско ниво. Имено, и покрај тоа што регионот е технолошки добро опремен – мобилната пенетрација е висока, со 95 отсто од населението во Северна Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина кои поседуваат мобилен телефон, употребата на мобилни телефони за финансиски трансакции останува ниска – во Македонија само 36 отсто од корисниците на финансиски услуги ги користат мобилните уреди за плаќања“, се наведува во соопштението.

Според анкетата, која ја спроведе Асоцијацијата за е-трговија, како дел од споменатиот извештај со фокус на плаќањето при онлајн продажбата, 72.5 отсто од е-трговците истакнаа дека готовината при достава е доминантен метод на плаќање за нивните клиенти, а 82.5 посто одговориле дека токму клиентите ја претпочитаат оваа опција.

„Клучни причини за оваа доминација според анкетираните е-трговци се: недовербата во онлајн продавниците, стравот дека нарачаните производи нема да бидат доставени, како и чувство на сигурност при плаќање со готовина. Дополнително, навиките и недоволните дигитални вештини за користење на картички играат значајна улога во популарноста на ќеш плаќањата. И покрај тоа, 62.5% од е-трговците изјавиле дека плаќањето со картички е покорисно за нивниот бизнис, а 45 отсто од нив активно го промовираат користењето на картички. Плаќањето со готовина од друга страна, создава големи неефикасности за е-трговците, како што се неуспешни испораки, зголемени оперативни трошоци и ризик од неформални економски практики“, велат од Асоцијацијата за е-трговија.

Вториот најголем предизвик, со кој се соочуваат е-трговците кои учествувале во анкетата, е нелојалната конкуренција предизвикана од сивата економија.

„Плаќањето со готовина ја олеснува оваа нелегална пракса, додека преминот кон дигитални плаќања може да придонесе за намалување на овој предизвик, зголемувајќи ја транспарентноста и формалноста на економијата. За да се намали доминацијата на готовината, потребни се насочени активности за подобрување на дигиталната писменост, намалување на трансакциските трошоци и зголемување на довербата во онлајн плаќањата. Преку овие чекори, македонската и регионалната е-трговија може да станат поконкурентни, поттикнувајќи раст и економска стабилност“, вели преседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска Станков.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ВИ не живее во облак: Експерти на КОП31 предупредуваат за еколошкиот данок на технологијата
Дали ВИ индиректно придонела за неодамнешните прекини на технологијата во САД?
Од разговори на Дискорд до уцени: Како мрежи каква што е 764 врбуваат и манипулираат деца
Имплементацијата е ветувањето од КОП31- финансиите ќе одлучат дали ќе се исполни
ГТА 6 објави нов музички албум за играта со 24 нови песни
ГТА 6 лансирана со рекордни оценки и заработка од над 1.6 милијарди долари
Антропик го урна рекордот на Спејс Х, вредноста на јавната понуда достигна 81,3 милијарди долари
Кибернапад врз Европската комисија
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн
Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава
Извештај: Модел на вештачка интелигенција открива критична безбедносна ранливост во Јава
Google тврди дека нема никакви проблеми со Gmail и покрај илјадници пријави
ФБИ: Сајбер-нападите што ги погодија брендовите се автоматизирани со ВИ алатки
Масовен сајбер-напад врз 178 глобални брендови, загрозени лични податоци
Сингапурската компанија Мегаспид под истрага за извоз на чипови од Нвидиа, потврдија САД
Неуспешен лет на ракетата Вулкан, уништени 40 сателити на Амазон
Илон Маск со уште 165.000 потписници на петиција бара враќање на Хуанг на чело на Нвидиа
САД и 9 партнери потпишаа договор за обезбедување на синџирите на снабдување со ВИ