| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025-2028 г.
Националната стратегија за сајбер безбедност не треба да се сфати како реакција на предизвиците, туку и како рамка што гледа напред за создавање безбедна дигитална иднина за секој граѓанин, компанија и институција во државата, истакна Андоновски
Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025-2028 г.
Дополнително, Министерот го претстави и нацрт-законот за сајбер безбедност, сега достапен на платформата ЕНЕР, за кој течат консултации / Photo: МДТ на РСМ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска, на прес-конференција во Владата официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата во сајбер просторот.

Оваа стратегија означува пресвртница во напорите на државата да ја заштити својата дигитална инфраструктура и да изгради побезбедна, посигурна иднина за сите.

Стратегијата се донесува по тригодишен јаз без национална рамка за сајбер безбедност, при што отсуството на сеопфатна сајбер регулатива ја остави земјата изложена на зголемени закани.

Македонија се соочи со зголемени сајбер напади, хибридни закани, закани за бомби и кампањи за дезинформација, што ја истакнува итната потреба за координиран и стратешки пристап.

„Стратегијата се појавува во време кога посветеноста кон нашата дигитална инфраструктура и дигитализацијата воопшто, никогаш не бил поголем. Затоа, Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 не треба да се сфати како реакција на предизвиците, туку и како рамка што гледа напред за создавање безбедна дигитална иднина за секој граѓанин, компанија и институција во државата“, истакна министерот Андоновски.

Визијата на Стратегијата е да се изгради безбеден, флексибилен, одржлив и инклузивен дигитален екосистем кој го поддржува економскиот раст, ги штити правата на граѓаните и ја поттикнува довербата во дигиталните технологии.

Андоновски подвлече дека Стратегијата идентификува пет клучни приоритетни области, и тоа Зајакнување на националните капацитети за сајбер-безбедност, обезбедување на критичните инфраструктури и системи, градење на сајбер-отпорно општество, минимизирање на влијанието на сајбер инцидентите и подобрување на националната и меѓународната соработка.

За да се постигнат овие приоритети, стратегијата воведува критични мерки, содржани во детален Акциски план и индикативен финансиски план. Некои од овие мерки влучуваат и: формирање Национален совет за сајбер безбедност, оформување на централизиран систем за одговор на инциденти, проширување на програмите за едукација и обука за сајбер безбедност, искористување на напредните технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење и развивање правна рамка за сајбер безбедност - усогласена со директивите на ЕУ.

„Дигиталната трансформација на нашата држава е суштинска, но исто така е и нашата подготвеност да одговориме на ризиците. Како што видовме од сите досегашни сајбер напади врз критични сектори, заканите со бомби и координираните кампањи за дезинформација – ризикот и опасностите се тука. Тие закани ја нарушуваат довербата на јавноста, ги поткопуваат нашите институции и претставуваат значителен ризик за националната безбедност“, рече Андоновски.

Стратегијата обезбедува јасен патоказ за справување со постојните ранливости, заштита на критичната инфраструктура и поттикнување на средина каде што бизнисите можат да иновираат, граѓаните ќе можат да напредуваат и институциите можат безбедно да работат.

Успехот на имплементацијата на Националната стратегија зависи од колективниот ангажман. Министерот ги повика сите засегнати страни – владините институции, бизнисите, академската заедница, граѓанското општество и граѓаните – активно да учествуваат во нејзиното спроведување.

Дополнително, Министерот го претстави и нацрт-законот за сајбер безбедност, сега достапен на платформата ЕНЕР, за кој течат консултации.

„Денес, правиме голем стратешки чекор кон градење на побезбедна и поотпорна дигитална Македонија - која е подготвена да се соочи со предизвиците на дигиталната ера и да ги искористи нејзините можности“, заврши Андоновски.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Со велосипед од Велес до Италија и назад
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Рама: Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Северна Македонија
Хаџиу и Мецола разговараа за напредокот на Косово во ЕУ интеграциите
Колку е казната доколку немате зимска опрема?
АНБ и МВР разбиле иранска прокси мрежа која планирала терористички напад во Грција
Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата
Со свечена заклетва конституиран новиот состав на Народното собрание на Србија
Триесет и пет години од првиот Устав на независна Македонија
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, посветени сме на реформите
Фон дер Лајен: Земјите од Западен Балкан прават значајни чекори кон членство во ЕУ
Човекот кој готвеше тавче гравче за принцот Чарлс и јагнешко за емирот од Катар
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови