| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
ЕУ инвестира 134 милиони евра за модернизација на железничката пруга Ниш-Димитровград
Важноста на таа пруга е огромна, ако се има предвид дека е дел од Коридорот 10 и претставува врска меѓу Србија и Бугарија, како и рута низ која се движат големи количини стока, изјави вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали
ЕУ инвестира 134 милиони евра за модернизација на железничката пруга Ниш-Димитровград
Се очекува годишниот број на патници да се зголеми од 170.000 550.000, а вкупниот товарен транспорт од 3,2 на приближно 6,2 милиони тони годишно / Others
15 декември 2025

Европската Унија издвои 134 милиони евра за модернизација, реконструкција и електрификација на железничката делница Ниш-Димитровград, а финансискиот пакет вклучува заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ Глобал), објави денес ЕИБ.

Заемот во вредност од 100 милиони евра е за реконструкција на железницата Сиќево-Димитровград, електрификација и поставување сигнализација по целата делница Ниш- Димитровград, како и 34 милиони евра неповратни средства од ЕУ за изградба на железничката обиколница околу Ниш.

Овие инвестиции значително ќе го подобрат капацитетот на железницата, безбедноста и квалитетот на транспортот, се вели во соопштението, во кое се додава дека поддршката на ЕУ за оваа делница достигна 342 милиони евра, вклучувајќи Глобални заеми од ЕИБ во вредност од 234 милиони евра и грантови од ЕУ од 108 милиони евра.

„Важноста на таа пруга е огромна, ако се има предвид дека е дел од Коридорот 10 и дека претставува врска меѓу Србија и Бугарија, како и рута низ која се движат големи количини стока. Во исто време, се решава проблемот со „Нишкиор јазолот“, како важна крстосница на југот на Србија. Продолжуваме со развојот на Србија и го подобруваме квалитетот на животот во нашата земја, а воспоставувањето на најсовремена железничка мрежа е значаен чекор во тој процес“, изјави првиот вицепремиер и министер за финансии на Србија, Синиша Мали.

Подобрената инфраструктура долж оваа витална железничка рута ќе овозможи зголемување на брзината од просек од 50 км/ч на максимум 120 км/ч и ќе има позитивно влијание врз навиките за патување на луѓето, бидејќи се очекува годишниот број на патници да се зголеми од приближно 170.000 на приближно 550.000, а вкупниот товарен транспорт од 3,2 на приближно 6,2 милиони тони годишно.

Железничката пруга Ниш-Димитровград е составен дел од железничкиот Коридор 10, кој, пак, припаѓа на европскиот коридор Западен Балкан - Источен Медитеран, кој ги поврзува земјите од Централна Европа со најважните пристаништа на Јадранското Море и морињата на Источниот Медитеран.

Повеќе
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир
Трамп: Имаме договор за Гренланд, нема да воведам царини за Европа
Николоски со апел до ЕУ превозниците да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната
Тројца новинари меѓу 11 загинати Палестинци во најновите израелски напади во Газа
Двајца загинати во силни поплави кои ја погодија Грција
САД префрлаат затвореници од ДАЕШ од Сирија во Ирак
Медиуми: Папата Лав XIV одбил аудиенција со Макрон
ЕУ го прекинува трговскиот договор со САД поради заканите на Трамп
Нетанјаху ја прифатил поканата на Трамп за Одборот за мир
Седум сириски војници загинале по напад со дрон на ЈПГ врз складиште за оружје во Хасака
Трамп: Повикувам на разговори за САД да го купат Гренланд
Израел пак го прекрши примирјето со смртоносни воздушни, морски и копнени напади врз Газа
СЗО: Над 18.500 Палестинци во Газа сè уште имаат потреба од итна медицинска евакуација
Кина ја потврди поддршката за системот предводен од ОН, наспроти „Одборот за мир“ на Трамп
Владата бара од ЕУ да ја одложи примената на новите Шенген правила за македонските превозници