РЕГИОН
2 мин читање
Во Белград потпишани меморандуми за соработка: Србија и Израел започнуваат стратешки дијалог
Добрите односи меѓу српскиот и еврејскиот народ се темелат на децении добра соработка, но и на векови заедничко страдање, вредности и непоколеблива верба во иднината, изјави српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ
Во Белград потпишани меморандуми за соработка: Србија и Израел започнуваат стратешки дијалог
Гидеон Сар изјави дека Србија е важен пријател и стратешки столб на таа земја на Западен Балканн / AA
30 септември 2025

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, и министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, се сретнаа со израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, во Белград, за да разговараат за зајакнување на политичките и економските односи, потврдувајќи дека двете земји остануваат стратешки партнери и пријатели.

Потпишани се меморандуми за билатерални консултации, дипломатска обука и програма за соработка во областа на образованието, науката, културата, младите и спортот за периодот 2025-2028 година.

За време на разговорите во Белград во вторник, Брнабиќ и Саар нагласија дека политичките односи меѓу Србија и Израел се стабилни и на високо ниво, со подготвеност за нивно понатамошно продлабочување.

Брнабиќ и Саар разменија мислења за билатералната соработка, вклучително и парламентарната димензија, и изразија очекување дека политичкиот дијалог и соработката ќе продолжат во наредниот период преку поинтензивни контакти на високо ниво. На средбата присуствуваше и израелскиот амбасадор во Србија, Авивит Бар-Илан.

Српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ, нагласи дека Србија го смета Израел за еден од своите најголеми пријатели и клучни стратешки партнери, потсетувајќи дека „добрите односи меѓу српскиот и еврејскиот народ се темелат на децении добра соработка, но и на векови заедничко страдање, вредности и непоколеблива верба во иднината“.

Тој нагласи дека со израелскиот министер за надворешни работи разговарал за билатерална и економска, како и политичка соработка.

„Денес се согласивме да започнеме стратешки дијалог меѓу нашите две земји и дополнително да ја подобриме економската соработка преку меѓуагенциска соработка и иден мешовит економски комитет“, објасни Ѓуриќ.

Гидеон Сар изјави дека Србија е важен пријател и стратешки столб на таа земја во Западен Балкан.

„Понатамошното зајакнување на пријателството меѓу нашите народи е важна цел за мене и затоа сум тука денес. Ова пријателство е вкоренето во нашата заедничка историја. Еврејската заедница во Србија е древна, но во голема мера беше брутално збришана во Холокаустот, а и Евреите и Србите беа жртви на злото на нацистичкиот режим“, рече Сар.

По состанокот, министрите за надворешни работи на Србија и Израел потпишаа меморандуми за разбирање за билатерални консултации и за дипломатска обука, како и Програма за соработка за периодот од 2025 до 2028 година во областите на образованието, науката, културата, младите и спортот.

Дополнително, Ѓуриќ ја потпиша Декларацијата за преживеани.

Повеќе
Почна изборната кампања за осмите локални избори од независноста
Кајмак: Омилениот кремаст намаз на Балканот
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Загрижува ненадејната срцева смрт кај млади луѓе
Од утре на сила новите измени на законот за безбедност во сообраќајот
Сиљановска Давкова во ОН: Сакаме интеграција во ЕУ, но без дополнителни услови и со достоинство
Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Кос: Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100 милиони евра без списокот на реформи
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
Тошковски: Хибриден напад е факт, институциите работат на случајот
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Сиљановска- Давкова: Ако сакаме мир време е да го довериме кормилото на ОН на жена
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство